pr1

Односите со јавноста вклучуваат воспоставување и негување на добри односи на индивидуите, компаниите, организациите со различни јавности со употреба на различни видови на комуникациски канали и алатки. Основната цел на односите со јавноста (ПР) е да го изгради, подобри, и/или унапреди имиџот на субјектот.

ПР-от има репутација на заштитник кој пред јавноста ве претставува во најдоброто светло. Денешниот начин на живот е исклучително брз, динамичен и конкурентски насочен, треба да се поседува предност со која ќе се издвоите од останатите и ќе го насочите позитивното вниманите на различните јавности кон вас, вклучувајки ги и медиумите. Со добрите односи со јавност се обезбедува и се нуди услуга за подобро информирање за тоа што организацијата/ компанијата/ индивидуата всушност работи, како работи и што претставува пред јавноста.

Во што ПР-рот се разликува од маркетингот и рекламирањето?
ПР е многу поразлично од маркетинг и рекламирање. За рекламирање се плаќа за твојата порака да биде објавена во весник, на телевизија или на радио. Во Односите со јавноста, пораката која ја пренесуваш лично пред јавноста за својата компанија, организација или продукт е бесплатна. Односите со јавноста се многу поефективни од рекламите и поради тоа што публицитетот што се стекнува со добриот ПР, трае многу подолго од било која реклама. Една добра статија или изјава во врска со вашата компанија, организација или производ ќе биде запаметена многу подолго отколку една реклама. Конечно, публицитетот од ПР-рот има поголем кредибилитет во јавноста отколку рекламирањето. Читателите имаат чувство дека доколку трети лица (медиуми) се заинтересираат за вашите изјави, тогаш тоа што го излагате мора да е од големо значење.

Како што расте вашиот бизнис, организација или лично влијаните, нормално е истиот да станува поизразен елемент во вашата околина. Тоа значи дека она што го правите постанува позабележителна мета за јавноста и станува неопходно да ги подобрите своите вештини на полето на односите со јавноста и да ги користите како неизбежна алатка во својата маркетинг стратегија.

Медија

Ohrid.