strategija

Доколку до сега немате направено сопствена стратегија како да си го организирате времето, сега е крајно време да го сторите тоа. Добрата организација ќе ви помогне во извршувањето на секојдневните активности, ќе ви пружи целосна прегледност на обврските и слободното време и ќе ве ослободат од напнатоста предизвикана од сомнежот дали нешто сте заборавиле. Si Communication, ги споделува со вас едни од најдобрите и најефикасните совети за добра организација.

1. Направете листа

Секојдневните задачи се чинат огромни кога помислуваме на нив, но кога истите ќе ги ставиме на листа, изгледаат како шопинг листа за во супер маркет – конкретни и лесно изводливи. Испишаните задачи на листа се и попрегледни и полесно се комбинираат.

2. Постави приоритети

Извршувај ги работите кои ти се најмногу битни најпрво но не земај го тоа како изговор да ги извршуваш задачите кои ги мразиш последни. Ако задачата е битна, справи се со неа прво и основно, без разлика дали сакаш да ја извршиш или не.

3. Не одлагај

Времето е ограничен комодитет. Извршувањето на задачите е секогаш потешко кога си во трка со времето. Поставувај ги задачите на својата листа што е можно поскоро за да можеш да ги извршиш што е можно поскоро.

4. Не се оптеретувај премногу

Не мораш да се согласиш да ја земеш секоја задача која ти е понудена или дадена. Биди реален во врска со своите можности за извршување на сите задачи, пред да земеш за извршување уште една. Ништо не постигнуваш со тоа освен нецелосно завршени задачи и изгубени нерви.

5. Прашајте за помош

Ако имаш потреба од помош, прашај. Сподели ја својата листа на задачи кои мораш да ги извршиш со своите пријатели, соработници или семејство. Ќе бидеш изненаден од тоа колку луѓето околу нас можат да ни помогнат. Се што треба да направиш е да прашаш.

Медија

Ohrid.