Audience Questions Hands Raised thumb

07. 02. 2012

Начинот на кој се справувате со прашањата од публиката често може да биде одлучувачки фактор за тоа како вашата презентација ќе биде одликувана и прифатен. Ако сте бизнисмен, политичар, јавна личност или планирате вашата кариера да ја носочите во тој правец, тогаш е апсолутно битно да се справите со прашањата добро.

1. Бидете подготвени за прашања

Кога ја пишувате вашата презентација, мислете на тоа што најверојатно би било предмет на интерес за вашите слушатели, што би те прашале во врска со тоа и што би одговориле. Можеби нема да сакате да одговорите на одередено прашање, во тој случај помислете што би кажале за да ја задоволите љубопитноста на прашувачот.

2. Направете договор со публиката

Наведете јасно уште на самиот почеток дека ќе бидете отворени за прашања на крајот на презентацијата или дека публиката може да ги поставува прашањата прекинувајќи го вашето излагање. Што и да одлучите, кажете го на почетокот и не го менувајте вашето мислење. Наш совет е да одберете прашањата да ви бидат поставувани на крајот на презентацијата. Во спротивно, доколку се одлучите прашањата до ги одговарате во текот на излагањето, тајмингот во кој сте ја ставиле вашата презентација ќе биде срушен а публиката нема да ви го прости тоа што сте ја задржале повеќе од договореното.

3. Направи завршница после прашањата

Никогаш не завршувај со прашања. 10-15 минути пред крајот, прашајте дали некој сака да праша нешто, одговорете на сите и сумирајте сосема кратко за што сте зборувале. Тоа ќе остави силен впечаток кај публиката и чувство на организираност.

4. Слушајте

Кога некој ќе ви постави прашање – слушајте и изгледајте дека слушате. Можеби е прашање кое сте го чуле по стоти пат но третирајте го се почит и не се потсмевајте на нивната поента.

5. Заблагодари се за прашањето

Овој гест е љубезен, покажува почит и ви дава неколку секунди време да размислите околу одговорот.

6. Повторете ја суштината на прашањето

Некој луѓе можеби не успеале да го слушнат или разберат прашањето, па вашиот одговор може да немасмисла за нив. И на овој начин довивате време за размислување како и при заблагодарувањето, но ве и прави да изгледате попаметно и синхронизиран.

7. Одговори на сите

Ќе западнеш во стапица доколку одговориш само на неколку прашања. Доколку го сториш тоа, ќе завршиш разговарајќи само со нив и исклучувајќи ги сите други. Дел од публиката на која не си и одговорил, може да приреди и мал скандал како одговор на незадоволството.

8. Држи се во границите на едноставноста

Многу говорници, кога станува збор за прашања, стануваат порелаксирани а фактот дека некој е заинтересиран доволно за да ги праша нешто во врска со презентацијата ги наведува да го рашират и раздолжат одговорот многу. Не правете го тоа, бидете кратки и јасни.

9. Немојте да блефирате или да фалите

Ако не го знаете одговрот на прашањето, кажете дека во моментот немате доволно информации во врска со тоа прашање, дека ќе проверите дополнително и ќе го известите дополнително (по е-маил на пример). Тоа е добар начин и да одржите контакт по завршувањето на презентацијата.

 

Можно е и никој да не постави прашање во врска со презентацијата што би значело неколку минути непријатна тишина. Луѓето можеби размислуваат за тоа што претходно им го имате споменето и им треба време за да состават прашање. Друга опција е дека се срамежливи па им треба време дури да се осмелат да проговорат. Во такви ситуации, нема да биде лошо да имате подготвено прашање самите. Формулирајте го да почнува со „Можеби сте се запрашале дали....?“, на тој начин ќе ја охрабрите и опуштите својата публика. Ако и тогаш не добиете никакво прашање, преминете дирекно на сумирање на презентацијата и завршните мисли. Доброто изведување на делот од вашата презентација резервиран за прашањата и одговорите, го демонстрира вашиот професионализам и се рефлектира на пораката што сакате да ја пренесете.

Медија

Ohrid.