
15. 02 2012
Експертите од областа на комуникациите укажуваат на правилото дека само 7% од поентата што сака еден говорник да ја долови, доаѓа преку неговите зборови. 38% од поентата се доловува преку тонот на нивниот глас и дури 55% од поентата се искажува преку говорот на телото на лицето кое зборува. Ова правило доаѓа од истражување кое било објавено во 1960тите години. Ако не ја знаете основата на говорот на телото, пропуштате многу битна алатка која ќе ви помогне да комуницирате подобро. Сите го употребуваме говорот на телото на потсвесно ниво, трикот е во тоа да научите како да го контролирате за истиот да ви оди во прилог и да не ве издаде.
1. Лице
Најизразениот дел од телото е ликот. Кога обземени од нервоза и трема ќе влезете во просторија, вашиот израз на лицето може да направи да изгледате непријателси и далечен. Од друга страна, насмевката на вашето лице може да ги отфрли сомнежите кај секого во врска со тоа колку сте пристапен и пријатен. Насмевката не прави да изгледаме топло, отворено и сигурни во себе.
2. Очи
Велат дека очите се прозорот на душата. Очите со сигурност даваат сигнали за тоа како се чувствуваме во моментот. Директен пријателски поглед кон некого покажува заинтересираност и внимание, долг индиферентен поглед праќа сигнали на сомнеж и незаинтересираност. Многу малку контакт со очите дава до знаење дека сте срамежливи.
3. Раце
Дали некогаш сте ги набљудувале движењата на реацете на некого додека зборува. Отворените гестикулации со рацете сугерираат на тоа дека лицето е отворено за соработка и искрено. Рацете се особено добри алатки при поентирање при што го засилуваат ефектот на поентата. Премногу движења со рацете се манифестација на нервоза па дури и сомнеж кај публиката за вистинитоста на тоа што го кажувате мислејќи дека се обидувате нешто да прикриете.
4. Држење на телото
Држењето на телото е многу битно за одржување на контролата врз сопствениот говор и за тоа колку сериозно ќе ве свати публиката. Ако имаме мало ниво на самодоверба, рамениците ни тежнеат кон опуштеност а погледот надолу. Интересен е и фактот дека мажите и жените користат различен говор на телото. Жените немаат голем проблем физички да се доближат до соговорникот, за го задржат својот поглед подолго и да употребуваат гестови. Мажите од друга страна секогаш одржуваат физичко растојание од соговорникот, контактот со очите го задржуваат пократко и не се потпираат многу на гестовите со рацете.
Секој успешен говорник, мора да знае какви сигнали праќа говорот на неговото тело, на што се тие последица и како да ги контролираме и манипулираме тие сигнали. Говорот на телото на говорникот не треба да биде израз на неговата потсвест, туку буден чин свесно и наменски употребен од говорникот.
