odnosi so javnost

„Сето она што го правиме или кажуваме, претставува односи со јавноста“

Philip Crosby

Односите со јавноста е управувачката функција која го евалуира јавното мислење, ги идентификува политиките и процедурите на поединците или организациите и според нив изготвува и извршува акционен план за да го придобие разбирањето од јавноста и даги освои нивните симпатии. Тие подразбираат вклучување на односи со заедницата, соработка со инвеститорите и медиумите, организација на настани и прес-конференции но подразбира и вклучување на многу дејностите кои не се јавни како на пример координирање на медиумски контакти, обезбедување на ингеренции, лобирање и слично.

Понекогаш односите со јавноста подразбираат обид за влијание врз јавноста, како на пример ПР-от на политичките групи, но понекогаш подразбира и едноставни односи со заедницата, нејзино набљудување, истражување и собирање на податоци во врска со нејзината структура и потреби.

Добриот ПР раскажува една добра приказна. Колку е подобра приказната, толку е поголемо нејзиното прифаќање од страна на публиката и поцврста врската со истата. Односите со јавноста денес се клучниот фактор во вашата лична промоција и промоцијата на вашата организација. Тие претставуваат двонасочен процес, Вие комуницирате со вашата публика но и вашата публика комуницира со вас. Вие треба постојано да бидете во дијалог со јавноста и да бидете способни да ги гледате и слушате работите од нивна перспектива. Добриот ПР делува ненаметливо и невидливо, ги преведува деловните цели во реални, јавно прифатливи политики и обезбедува разбирање во рамки на организацијата со надворешната јавност.

Медија

Ohrid.