
27. 01. 2012
Да се чувствуваш помалку нервозен непосредно пред јавен настап, е природно дури и корисно, но премногу нервоза е кобно за настапот. Еве неколку докажани совети во врска со тоа како да ги контролираш пеперутките во својот стомак и да дадеш подобра презентација:
1. Научи го материјалот кој ќе го презентираш најубаво на свет!
Избери тема за која си заинтересиран и научи многу повеќе во врска со неа отколку што имаш предвидено да вклучиш во говорот. Користи хумор, лични стории и конверзациски јазик, на тој начин нема лесно да заборавиш што да кажеш.
2. Вежба. Вежба. Вежба
Прераскажувај си го гласно она што планираш да го презентираш и користиш. Повторувањето е неопходно. Вежбај со тајмер и остави време за нешто што би можело да се случи неочекувано.
3. Дознај кој ти е публиката
Поздрави се со дел од публиката на нејзиното пристигнување. Полесно е кога зборуваш пред група пријатели отколку пред тотални странци.
4. Запознај се со просторијата
Пристигни порано, прошетај низ просторијата во која ќе зборуваш и вежбај го говорот користејќи микрофон или визуелни помагала.
5. Опушти се
Почни обраќајки и се на публиката. Со тоа можеш да се купиш време да ги смириш своите нерви. Сопри, насмевни се и број до три пред да кажеш били што. Претвори ја нервозата во ентузијазам.
Визуелизирај го успехот
Замисли се себе си како зборуваш со силен глас, чист и самоуверен. Замисли ја публиката како ти ракоплеска. Со тоа ке си ја нахраниш самодовербата.
7. Не се извинувај
Доколку те обземе нервоза или се случи некој друг проблем, не се извинувај, публиката веројатно не ни приметила.
8. Концентрирај се на пораката, не на медиумот.
Фокусирај го своето внимание подалеку од своите стравови и концентрирај се на пораката и на публиката.
9. Стекни се со искуство
Практично, твојот говор ќе те претставува тебе како авторитет и како личност. Искуството раѓа сигурност, што е пак клучот до ефективен говор.
10. Запомни – луѓето сакаат да успееш
Публиката сака да бидеш интересен, стимулативен, информативен и забавен. Тие навиваат за тебе.
