СИ комуникејшн во рамките на објавениот повик за Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република С. Македонија обезбедува техничка помош и изработува проектна апликација. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. На повикот можат да учествуваат Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина:
Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата;
Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;
Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва;
Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник на земјоделско стопанство или друг член на земјоделското стопанство
Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.
Правни лица регистрирани во Централниот регистар на Р. С. Македонија, а се наоѓаат во ранг на микро и мали претпријатија согласно критериумите наведени во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕК
Повеќе информации на следниот линк http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp
контакт телефон: 071 386 091