time is over

03. 02. 2012

Дали ви се случило да се најдете на средина на презентацијата кога сваќате дека поради непредвидени причини немате веќе време?

Без разлика каква е вашата тема, секогаш биди подготвен и флексибилен да ја скратиш презентацијата. Еве неколку начини што можеш да ги употребиш за да бидеш сигурен дека презентацијата се поклопува со временската рамка.

1. Користи временски преглед

Кога го креираш прегледот на твојата презентација, вклучи временска проценка за секој дел. Вежбај ја својата презентација и одредувај го потребното време. (на. Пр. 2 минути за отварање, пет минути за дел 1, седум минути за дел 2...). Кога ќе стигнете на крајот, соберете го целото време и ќе се уверите дали треба да се одземат или додадат делови со цел совршено да се вклопите во даденото време.

2. Преместувај ги информациите во зависност од нивниот приоритет

Ако забележиш дека на средината на презентацијата ти останува уште многу малку време, а имаш битни точки за кажување на крајот од презентацијата, сега би било совршено време почнеш да ги произнесуваш. Додека ја креираш и вежбаш својата презентација, не би било лошо однапред да смислиш како би се снашол во вакви ситуации. Ако треба да изоставиш нешто што сметаш дека е битно, побарај e-mail од членовите на публиката и прати им ги доболнителните содржини.

3. Дополни со летоци

Обично секогаш има некои информации кои треба да ги споделиме, но не е неопходно да ги вклучиме во презентацијата ( релевантни артикли, табели и графикони...). Ако материјалот од летоците нема потреба да биде разгледуван за време на презентацијата, тогаш подели ги на крајот, во спротивно публиката пола од времето нема да те слуша што зборуваш туку ке ги листа материјалите. Летоците секогаш треба да да вклучуваат контакт информации и линк до твојата web-страна доколку имаш.

Следи ги обие информации и секогаш ке бидеш подготвен, без разлика колку си ограничен со времето.

Медија

Ohrid.