diplomiranje

Колку често сте го слушнале овој израз како изговор да не го добиете работното место за кое имате аплицирано? Навистина е тешко да се најде работа која е добро платена и која на некој начин е поврзана со она што сте го студирале веднаш штом ќе ја земете дипломата во раце. Но вистина е и тоа дека секој работодавач сака да вработува луѓе со искуство, луѓе кои веќе се имаат докажано во бараната област. Многу малку луѓе сакаат да го прифатат ризикот и да вработат некој кој нема никакво искуство. Еве неколку докажани совети од Si Communication кои добро ќе ви дојдат доколку се најдете во ваква положба:

1. Аплицирај за практикант

Доколку немаш никакво практично искуство од областа која си ја студирал, практицирањето во некоја фирма/организација е одличен начин како да се стекнете со истото. Најголем дел од домашните и од странските фирми и организации редовно распишуваат конкурс за практиканти. Во глобала практикантите го имаат истиот третман како и вработените, со тоа што имате повеќе простор за набљудување и запознавање во областа. Времетраењето на практицирањето обично се движи од 3 до 6 месеци и истото можете и да го впишете во вашето CV и верувајте нема да остане незабележено од идните потенцијални работодавци.

2. Посетувај обуки, надградувај се

Секогаш кога сте во можност и имате прилика да посетите некоја дополнителна обука поврзана со она што планирате да го работите во иднина, сторете го тоа. Обуките се многу корисни, најголем дел од времето се состои во практични примери и директна апликација на наученото во реалноста, отколку теорија. Исто како во случајот и со праксата, и обуките можете да ги наведете во своето CV и истите ќе ви бидат земени во предвид при следната апликација за работа.

3. ОСМЕЛИ СЕ! ЗАПОЧНИ СОПСТВЕН БИЗНИС!

Многу млади луѓе се скептични околу тоа своето прво вработување да го започнат лично за себе, но има мал милион успешни приказни кои потврдуваат дека ништо не е толку сложено и тешко како што изгледа на прв поглед. Немора да почнеш сосем сам, размисли и за ко-основање на фирма со некој од колегите од факултет. Самовработувањето има многу поголем број на предности од тоа да работиш за некој друг. Има голем број на организации кои се создадени првично да им помогнат на младите претприемачи. Една таква организација е Претприемачкиот Сервис за Млади – ПСМ Фондацијата, која нуди помош на ентузијастите кои го прават својот прв чекор во светот на бизнисот.

Медија

Ohrid.