pr

ПР-от е тешка игра. Многу е тешко да бидете забележани на пазарот кога конкуренцијата е огромна. Луѓето не ви обраќаат внимание бидејќи се уморни од маркетингшкиот притисок кој се врши врз нив и мислат дека сте само една од мноштвото исти фирми кои не се грижат за ништо друго освен да им ги земат парите. Ситуацијата е уште потешка кога сте нови на пазарот меѓу другото и поради тоа што трошоците за вас како почетник се многу поголеми од вообичаено.

Некои луѓе мислат дека се што треба да се направи е генијален производ/услуга, која сама од себе ќе ја прошири веста за своето постоење и дека во тој случај не е потребен ПР-от. Тоа е голема заблуда. Не е доволно производот само да се лансира, бидејќи доколку не е вклучен ПР-от во неговата промоција, веста за истиот многу бавно ќе се шири и во еден момент мултиплицирањето ќе престане. Si communication ве советува што треба да направите за да го промовирате вашиот, штотуку започнат, бизнис:

1. Одредете свои ПР цели

ПР-от не е спринт. Не можете да го истрчате целиот во еден здив ниту со исто темпо. Постојат периоди во вашето работење каде особено треба да се потпрете на ПР-от и од особено значење е таквите моменти претходно да ги имате предвидено и испланирано. ПР-от претставува маратон. Познатиот маратонец, Таргат, во една прилика рекол дека се поставува цел за секој истрчан километар. Следете ја неговата тактика и во спроведувањето на ПР-от, поставувајте си цели и изградете стратегија за нивно остварување.

2. Вашите корисници можат да ви бидат добар ПР

Луѓето многу ретко сакаат да излезат од својата зона на комфорот, па затоа и многу ретко користат нешто што им е непознато или позади кое не стои изјава на реална личност посочена со име и презиме. Замолете ги вашите корисници да ја прошират веста за вашиот производ/услуга или замолете ги да остават коментар во врска со она што вие го нудите. Истиот тој коментар подоцна, заедно со името и презимето на оној кој што го рекол тоа, објавете го на вашата веб страна и социјалните мрежи.

3. Ангажирајте ПР агенција

Не смеете да си дозволите стартувањето на вашиот бизнис да помине без добра ПР промоција. ПР агенциите околу себе создаваат мрежа на луѓе и точно ќе знаат што каква промоција на вашиот бизнис му е потребна и на кој начин да го изведат сето тоа. ПР агенцијата знае на најекономичен и најефикасен пат да ве доведе до наклонетоста од публиката, да создаде добра и силна слика за вашата организација и ја зголемува популарноста на вашиот продукт или услуга.

Медија

Ohrid.