brendiranje

Брендирањето како тренд започнало бидејќи капиталистите сакале нивните производи и услуги да се разликуваат од оние на конкуренцијата. Создавањето на впечатливо име, ја носи услугата/продуктот на ниво на уникатност и ексклузивност, без разлика колку и да е пазарот презаситен од исти или слични конкурентски продукти. Брендирањето со себе го носи психолошкиот багаж кој создава високи вредности на продуктот, многу често независно од неговиот квалитет. Si Communication ве советува на што треба да правите а на што да внимавате.

Работи што треба да ги направите:

1. Биди различен

Мора да знаете зошто вашиот производ е различен од производите на конкурентите и алтернативите. Оваа разлика мора да има вистинска вредност за клиентот ако сакате вашиот производ да има значење и вистинска вредност.

2. Вредност на брендот и препознатливост

Овие две работи се од клучно значење за бренд позиционирањето. Производот се цени според неговиот квалитет, интегритет, истиот треба да вреди за потрошените пари, да биде забавен и практичен. Во зависност од видот на продуктот, истиот треба да поседува барем 4 од наведените критериуми за воопшто да почне да биде сметан за бренд.

3. Направи истражување

Прашајте ги вашите клиенти што им се допаѓа во врска со вашиот продукт а што е тоа што го сметаат за слабост. Јаките страни нагласете ги а слабите трудете се да ги поправите или надоместите.

4. Не заборавај за кого постои твојот бренд

Судбината на твојот бренд е во рацете на твоите клиенти. Додека тие ги бараат тој постои. За да му го продолжиш векот на постоење мора да бидеш постојано инвентивен и флексибилен. И брендовите до најстабилни темели постојано се приспособуваат на барањата и потребите на своите клиенти.

 

Работи кои не треба да ги правите:

1. Не занемарувајте ги инвестициите

Динамичното време во кое живееме може да го прегази вашиот бренд доколку постојано не инвестирате во него. Со тек на времето создадете други слични производи кои ќе ги врзете на еден или друг начин со првичниот бренд. Држете ги вашите клиенти будни во текот на целото време.

2. Не го оштетувајте брендот

Задржете ја неговата првична форма и намена оригинална. Направете од него продукт со препознатлива вредност и квалитет. Особено немојте да ги менувате квалитетите кои од вашите клиенти се оценети како најдобри.

3. Немојте да го проектирате производот до недоглед

Нудењето на веќе постоечкиот бренд во неповрзани области само ќе ви донесе штета и ќе ги збуни клиентите. Дополнително може да ја ослабне вредноста на продуктот.

4. Внимателно со адвертајзингот

Невкусниот и нападен маркетинг предизвикува внимание и краткорочни ефекти, но не создава бренд.

Медија

Ohrid.