job in

Секој кој е повикан на интервју за работа, оди таму со една и единствена цел – да ја добие работата. Дури и да не сте сигурни дали ја сакате или не таа работа, кога веќе сте одлучени да одите на интервју, дајте го најдоброто од себе. Многу ретко можеш да го смениш првиот впечаток за себе кој го оставаш кај луѓето, затоа гледај истиот да го направиш совршен. Еве неколку практични совети од Si Communication за тоа што треба да правите за време на едно работно интервју:

1. Истражувај

Дознај што е можно повеќе за компанијата која те повикува на интервју. Доколку знаеш кој ќе тe интервјуира, дознај се што можеш и за него/неа, така ќе знаеш во која насока се движат неговите/нејзините размислувања. Немој да дозволиш да те фатат неподготвен на генерални особини за работата за која си аплицирал.

2. Појава

Дознајте дали компанијата има некој код на облекување. Доколку има следи го и на интервјуто, доколку нема облечи се што е можно поскромно и попристојно. Не претерувај со додатоци на својата облека, со шминка или со јаки бои. Доколку претходно сте биле на кафе и цигара, бидете сигурни дека сте го неутрализирале здивот. Немојте да џвакате мастика и не користете јаки парфеми. Главата горе, бидете исправени во телото со блага насмевка на лицето и опуштени.

3. Пристигнување

Пристигнете најмалку 5 минути порано, но не повеќе од 10 минути за да не се најдете во ситуација да стасате порано од оној кој ќе го извршува интервјуто. Доколку не успеете да стасате на време, јавете се и информирајте ги, единствено на тој начин нема да го земат во предвид вашето доцнење при донесувањето на одлуката за вработување

4. Запознавање

Кога се претставувате на оној кој ве интервјуира, кажете им го своето име и презиме, задолжително воспоставете контакт со очите и дозволете другата страна да иницира ракување. Кога ќе ве поканат да седнете, насмевнете се во знак на благодарност.

5. Презентација

Луѓето од Човечки Ресурси се одлични познавачи на знаците кои ги сигнализирате со телото, свесно или несвесно. Затоа внимавајте како ќе се поставите и однесувате за време на интервјуто. Седете исправено и воспоставувајте контакт со очи колку што е можно повеќе. Останете алармирани. Бидете сигурни дека зрачите со енергија и дека не се познава никаков умор на вашето лице. Вежбајте го дома пред огледало ова однесување и видете како изгледате. Оставете другата страна да го постави тонот и динамичноста на интервјуто и вклопете се во целината. Избегнувајте да користите неформални изрази дури и кога оној што ве интервјуира ги користи.

6. Забранети теми на првото интервју – пари, бенефиции, прекувремена работа, бизнис патувања

Некогаш не спомнувајте ги горе наведените работи на првото интервју. Доколку ве прашаат колку би сакале да заработувате, одговорете дека е рано да се зборува за плата и дека сте заинтересирани за целокупната можност која ви ја нуди работата а не само парите. Истото применете го и за останатите работи.

7. „Сакам, не – требам“

Компаниите не сакаат да вработуваат луѓе кои им изгледаат очајно. Зборувајте со самоуверен стил кој покажува дека ја сакате токму таа работа и избегнувајте да оставите впечаток дека ви е потребна, без разлика колку и да е тоа така.

8. Која е причината за крајот на вашата последна работа?

Секогаш е непријатно да се сподели ова искуство со оној кој ве интервјуира, особено ако сте биле отпуштени. Немојте да лажете, имајте во предвид дека многу лесно можат да ја дознаат вистината доколку сакаат. Спремајте го добро одговорот на ова прашање, можете да го одговорите во ублажена форма и без многу детали, но секогаш ќе ви биде полесно доколку претходно знаете што треба да кажете. На тој начин изгледате самоуверено.

9. Завршни зборови

Секогаш прашајте ги она што сакате дополнително да го знаете во врска со работното место. На тој начин нема да бидете во недоумица а и ќе оставите впечаток на заинтересираност. Прашајте кога да го очекувате нивниот одговор во врска со тоа дали сте примени на работа или не. Кога ќе завршите со прашањата, почекајте тие да го објават крајот на интервјуто, станете и учтиво заблагодарете им се. Насмеани излезете од канцеларијата.

Медија

Ohrid.