5 nacini

Започнувањето на сопствен бизнис од нула, е еден од најнапорните активности во светот на претприемништвото. Тука е потребно да се вложи извонредно многу труд и вештина, а понекогаш и многу капитал. Si Communication ви ги наведува петте чекори кои мора да ги направите доколку сакате да го придвижите вашиот новопечен бизнис кон сигурен профит.

1. Добро размисли во кое поле сакаш да отпочнеш бизнис

Прашањето – Зошто токму овој бизнис? , треба да ти биде многу кристално одговорено. Имајте во предвид, дека причината зошто баш овој бизнис, мора да биде поширока од желбата за обогатување од финансиски аспект.

2. Изберете го вистинскиот продукт/услуга

Дали вашиот продукт/услуга го испорачува посакуваниот резултат кај потрошувачите? На крајот на краиштата, ова можеби е и најбитната алка во целиот бизнис, тоа е она што ќе ти донесе профит и ќе го одржува твојот бизнис во живот. Направи мало истражување во околината и дознај што е она што од оваа област најмногу им е потребно на клиентите. Доколку започнеш бизнис без претходно проверена ситуација на пазарот непотребно го зголемуваш ризикот за неуспех.

3. Избери го вистинскиот маркетинг

Инвестирај во маркетинг кој носи фидбек резултати. На овој начин постојано ќе бидеш во контакт со своите клиенти и ќе знаеш во кој правец се движат нивните мислења и потреби постојано. Активно искористи ги и социјалните мрежи, тамо можете да најдете голем дел од нашата целна група а овој маркетинг е бесплатен или чини многу малку.

4. Избери ја вистинската активност

Вистината е дека само мал дел од активностите кои ги правиме во текот на денот ни носат пари. Направи листа на приоритетни активности кои дирекно ти го засегаат профитот и посвети им доволно време за извршување. За останатите секогаш можеш да побараш помош.

5. Соработувај со вистинските луѓе

Твојата способност да мобилизираш и формираш солиден тим, е она од што понатаму ќе ти зависи текот на бизнисот. Во спротивен случај, се ќе зависи од тебе и твојот бизнис ќе расте до лимитот на твојата способност да ги извршиш сите задолженија.

Медија

Ohrid.