Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата “јавност” – потрошувачи, клиенти, корисници, спонзори, донатори, локалната заедница, и вашата друга публика. Тоа е процес на пренесување на вашата порака до вашата публика, но процес кој е со двонасочна комуникација. Вие мора секогаш да комуницирате со вашите јавност, но треба исто така да и овозможите и на нив да имаат комуникација со вас. Вистинските односи со јавноста вклучуваат двострана, позитивна и искрена комуникација.
Односите со јавноста се корисни за секоја компанија, организација, институција, личност, не заради промоција на своите постигнувања, туку за да станат подобри во својата работа и континуирано да се движат напред. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да станете подобри и може да бидете сигурни дека секогаш го давате најдоброто од вас. Кои се придобивките од добри односи со јавноста?
- Креира бизнис лидери. Ефикасните односи со јавност можат да ги подобрат бизнис резултатите преку креирање на нови лидери. Колку повеќе Вашата компанија е застапена во медиумите толку повеќе истата има шанси за развој и просперитет.
- Привлекува клиенти.Соодветната поставеност во медиумите во вистинско време привлекува нови клиенти. Со вистинска стратегија на односите со јавноста се зголемува кредибилитетот на компанијата.
- Привлекува талентирани лица.Во многу случаи кампањите за односи со јавност не привлекуваат само потенцијални клиенти туку и потенцијални вработени исто така.
- Задржува добрите вработени. Честите промени меѓу вработените е замка за повеќето организации. Компаниите кои не посветуваат внимание на односите со јавност не можат да видат дека истиот го зголемува моралот на вработените.
- Намалување на трошоците.Намалувањето на трошоците е бенефит од односите со јавност, особено кога ти се дел од останатите тактики во маркетинг делот.
Односите со јавноста се неизоставен дел од работењето на секоја успешна компанија и тоа вклучува градење на добри односи на компанијата со различни делови од јавноста по пат на постигнување на поволен публицитет, градење на добар корпорациски имиџ и решавање или спречување на појави од неповолни гласини, приказни и настани.
- Консалтинг за стратегиско позиционирање
- Анализа и истражување
- Поставување на комуникациски систем
- Внатрешни комуникации
- Односи со јавноста
- Односи со медиуми
- Односи со заедницата
- Односи со посебни јавности
- Односи со вработени
- Кризен менаџмент/ кризно комуницирање
- Лобирање
- Организација на настани
- Менаџирање на настани