Обуката претставува процес на учење кое вклучува присвојување на вештини, концепти, правила или однесување, со цел да се зголемат резултатите на вработените и на менаџерите.  Обуката е процес, односно постапка со која вработените и менаџерите се здобиваат со квалификации и компетенции за подобро извршување на работата и остварување на подобри резултати.

За да бидеш успешен претприемач, за да го развиеш сопствениот бизнис или пак компанијата во која работиш, треба и самиот да се развиваш. Знаењето е моќ, потенцијал кој треба да се поседува за да може да биде применет во вистинскиот момент. За една бизнис стратегија да може успешно да се примени, потребно е бизнис знаење, а не само интуиција. Затоа е важно постојаното надградување, за да се следат промените во надворешната средина, во индустријата во која се работи и да се биде секогаш во чекор со другите, па дури и пред другите. 

  1.  Обучени вработени = Среќни вработени

Вработените кои се чувствуваат соодветни и/или се поддржани, се среќни. Тие се задоволни во нивната работа, што ќе ги предизвика да не прават грешки и да се грижат за нивниот работен производ.

       2. Обучените работници имаат висока продуктивна вредност

Квалитетот на нивната работа е поголем и со повисока вредност. Квалитетот во перформансите е поголем отколку што може да биде

       3. Обучени вработени се ефикасни вработени

Повеќе време (а со тоа и пари) и напор се трошат кога вработените не се целосно или соодветно обучени за извршување на нивните задачи или за исполнување на нивните одговорности. Потребно е повеќе време за да ја завршат работата.

      4. Заштедено време и пари поради намалени грешки

Кога компанијата не инвестира во континуирани обуки и тренинзи, неискуснот вработен прави грешка, времето и материјалите што се користат се изгубени. Тогаш работата мора повторно да се направи.

      5. Намалување на разни трошоци

Ова е потешко да се следи или припише на невработените работници, но тие се таму.

Si communication за потребите на своите клиенти организира:

  • Обука за односи со јавноста
  • Обука за дноси со медиумите
  • Обука за изработка на бизнис план
  • Обука за изработка на маркетинг план
  • Обука за лидерство
  • Обука за мотивација
  • Обука за градење на тим и тимска работа
  • Обука за комуникациски и презентациски вештини
  • Обука за јавен настап
  • Обука за коорпоративна одговорност
  • Обука за ефикасно управување со состаноци
  • Обука за управување со време

Медија

Ohrid.