Дневник, 15.01.2012
Што Ќе мислат тие туристи што останаа завеани и плус неколку дена и што Ќе помислат тие што требаше Нова година да Ја поминат на Пелистер, мислите Ќе се вратат некогаш пак. Kакви се тоа зимски центри кои не можат да обезбедат елементарни услови, проодни патишта, па сигурно снегот не наврнал пет метри за еден час, туку постепено паЃал.
28.11.2011
Бил ли некој на Чочев Kамен, место во близина на Kратово, или можеби во Kокино, Kумановско, или на пример во Шарената џамија во Тетово, места кои се раритетни, места кои имаат историско значење. Ова го прашувам затоа што препознатливоста и имиџот на Македонија, за жал, се сконцентирарни на Охрид и на Скопје. Со својата традиција, културно историско наследство кое го поседуваме во изобилство (но за жал досега не се грижевме многу), Македонија има можност да стане важна светска дестинација, доколку го изгради и постави имиџот на земјата како бренд дестинација базирајќи специфични туристички производи како горе посочените, а кои туристичкиот пазар ги бара.
Дневник, 11.12.2011
Изминативе недели од медиумите сме бомбардирани од кампањата за развивање и за подигање на јавната свест за развој на претприемничкиот дух меѓу младите луѓе наречена „Осмели се“. И тоа е супер, браво, конечно на некоја влада реално ~ текна дека треба да направи нешто повеќе за да ја развие претприемничката култура кај младите, а не само да се размислува за вработување во јавната или државната администрација.