Читајќи ги барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, првата мисла која ми дојде беше, А ко че све то да плати?

Сојузот на синдикати, сега се одлучи предизборното „кокетирање“ да го реализира во писмена форма и да побара пократка работна недела, односно неработни сабота и недела, подолго породилно отстуство, договори на определено време само во исклучителни услови, враќање на старосна пензија по остварен стаж, но и по дејност

sinisa pekevskifinalКога неспособните луѓе би имале своја држава таа дефинитивно би била Македонија, едноставно земја на неспособните луѓе. Толку убаво парче земја, со преубава природа, со огромни ресурси, неверојатни можности, а во неа да ставиш да живеат толку неспособни луѓе е едноставно неверојатно.

sinisa pekevskifinalОна што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. Зошто? Навистина е тешко да се одговори на ова прашање и тој да биде унифициран, ама генерално мислам дека е до нашиот менталитет.

sinisa pekevskifinalСе мислам како да почнам да пишувам за претприемништво, како воопшто било каков збор да кажам или напишам покрај сите овие негативни работи кои катадневно ни се случуваат. Тргни од тоа кого се назначуваат за амбасадори, какви ликови ќе ја претставуват нашата држава, потоа гледаш како некои луѓе блокираат граница како тоа да е најлегитимен начин на протест, гледаш како нашиве големи бизнисмени повторно кукаат и лелекаат и бараат помош, субвенции, како е тешко да започнеш а камо ли да водиш бизнис.

sinisa pekevskifinalДенеска ќе пишувам за претприемништвото и претприемачкиот дух во Македонија, и намерно го потенцирам ова претприемништво, а не претпреимаштво. Постои ли во Македонија и претприемништво, и дали тоа се врзува само за млади. Па не! Генерално и на моја голема жалост, во Македонија младите луѓе се најмногу заинтересирани и имаат препоголема желба да работат во државна администрација или локална администрација отколку да имаат свој бизнис, да стартуваат свој бизнис и да работат за себе.

sinisa pekevskifinalВо минатата моја колумна напишав дека по изјавата на охридскиот градоначалник никој не реагираше и дека се остана исто. Но, згрешив, многу згрешив. Угостители, туристички работници, превозници, комори, здруженија веднаш скокна и дигнаа галама, Охрид не бил воопшто скап и бил поевтин од дестинациите во соседството, дури и слушнав дека кој сакал да дојде во Охрид ќе морал и да си го плати тоа, затоа што Охрид е посебно место.

sinisa pekevskifinalИзминативе неколку дена медиумите не бомбардираа за тоа колку македонските туристи оставиле пари во Грција и колку тоа било штетно за нашата економија. Па еден економски новинар пресмета дека тоа отприлика било околу 30 милиони евра и донесе грандизоен заклучок дека доколку тие пари би останале во нашите центри (Охрид, Струга и Дојран) тие би доживеале невидена економска ренесанса и невиден развој. Но дали е тоа навистина така.

sinisa pekevskifinalДолго време се мислам како да ја почнам мојава колумна, и како најубаво преку овој мој став да кажам и пренесам нешто, а да не бидам сватен од јавноста, еве уште еден се прави паметен па раскажува за туризамот, доста ни е од критичари и од луѓе со негативен став. Но, за жал тоа е вистината, јас многу би сакал да пишувам сега за позитивното искуство и да напишам за мојата чудесна земја како туристички рај, но реалноста ме враќа назад.

sinisa pekevskifinalНова Македонија, 03. 10. 2012

Во дебатата дали домашните и странските инвеститори имаат ист третман никој не споменува колкави се домашните гринфилд-инвестиции. Ретките успешни приказни во металургијата, земјоделството, преработувачката и ИТ-индустријата, за жал, не успеваат да ја подобрат целосната слика на ригидност кај домашните инвеститори и кај банките, кои очигледно не се подготвени или немаат доволно знаење да реализираат бизнис-проект што ќе донесе висококвалитетно производство достојно за меѓународните пазари.

sinisa pekevskifinalДневник, 29.07.2012

Македонските компании с` уште во недоволна мера користат услуги од стручни надворешни лица бидејќи сопствениците мислат дека можат с` да направат сами. Тоа е последица на македонскиот менталитет дека знаеме с`, дека нема работа за која не н` бидува, без разлика дали станува збор за производство, маркетинг или финансии. Ова го вели Синиша Пекевски, консултант за претприемаштво, со кој разговаравме за тоа колку нашите компании се подготвени за пазарен натпревар.

Медија

Ohrid.