Читајќи ги барањата на Сојузот на синдикати на Македонија, првата мисла која ми дојде беше, А ко че све то да плати?
Сојузот на синдикати, сега се одлучи предизборното „кокетирање“ да го реализира во писмена форма и да побара пократка работна недела, односно неработни сабота и недела, подолго породилно отстуство, договори на определено време само во исклучителни услови, враќање на старосна пензија по остварен стаж, но и по дејност.
Кога неспособните луѓе би имале своја држава таа дефинитивно би била Македонија, едноставно земја на неспособните луѓе. Толку убаво парче земја, со преубава природа, со огромни ресурси, неверојатни можности, а во неа да ставиш да живеат толку неспособни луѓе е едноставно неверојатно.
Она што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. Зошто? Навистина е тешко да се одговори на ова прашање и тој да биде унифициран, ама генерално мислам дека е до нашиот менталитет.
Се мислам како да почнам да пишувам за претприемништво, како воопшто било каков збор да кажам или напишам покрај сите овие негативни работи кои катадневно ни се случуваат. Тргни од тоа кого се назначуваат за амбасадори, какви ликови ќе ја претставуват нашата држава, потоа гледаш како некои луѓе блокираат граница како тоа да е најлегитимен начин на протест, гледаш како нашиве големи бизнисмени повторно кукаат и лелекаат и бараат помош, субвенции, како е тешко да започнеш а камо ли да водиш бизнис.
Денеска ќе пишувам за претприемништвото и претприемачкиот дух во Македонија, и намерно го потенцирам ова претприемништво, а не претпреимаштво. Постои ли во Македонија и претприемништво, и дали тоа се врзува само за млади. Па не! Генерално и на моја голема жалост, во Македонија младите луѓе се најмногу заинтересирани и имаат препоголема желба да работат во државна администрација или локална администрација отколку да имаат свој бизнис, да стартуваат свој бизнис и да работат за себе.
Во минатата моја колумна напишав дека по изјавата на охридскиот градоначалник никој не реагираше и дека се остана исто. Но, згрешив, многу згрешив. Угостители, туристички работници, превозници, комори, здруженија веднаш скокна и дигнаа галама, Охрид не бил воопшто скап и бил поевтин од дестинациите во соседството, дури и слушнав дека кој сакал да дојде во Охрид ќе морал и да си го плати тоа, затоа што Охрид е посебно место.
Изминативе неколку дена медиумите не бомбардираа за тоа колку македонските туристи оставиле пари во Грција и колку тоа било штетно за нашата економија. Па еден економски новинар пресмета дека тоа отприлика било околу 30 милиони евра и донесе грандизоен заклучок дека доколку тие пари би останале во нашите центри (Охрид, Струга и Дојран) тие би доживеале невидена економска ренесанса и невиден развој. Но дали е тоа навистина така.
Долго време се мислам како да ја почнам мојава колумна, и како најубаво преку овој мој став да кажам и пренесам нешто, а да не бидам сватен од јавноста, еве уште еден се прави паметен па раскажува за туризамот, доста ни е од критичари и од луѓе со негативен став. Но, за жал тоа е вистината, јас многу би сакал да пишувам сега за позитивното искуство и да напишам за мојата чудесна земја како туристички рај, но реалноста ме враќа назад.
Нова Македонија, 03. 10. 2012
Во дебатата дали домашните и странските инвеститори имаат ист третман никој не споменува колкави се домашните гринфилд-инвестиции. Ретките успешни приказни во металургијата, земјоделството, преработувачката и ИТ-индустријата, за жал, не успеваат да ја подобрат целосната слика на ригидност кај домашните инвеститори и кај банките, кои очигледно не се подготвени или немаат доволно знаење да реализираат бизнис-проект што ќе донесе висококвалитетно производство достојно за меѓународните пазари.
Дневник, 29.07.2012
Македонските компании с` уште во недоволна мера користат услуги од стручни надворешни лица бидејќи сопствениците мислат дека можат с` да направат сами. Тоа е последица на македонскиот менталитет дека знаеме с`, дека нема работа за која не н` бидува, без разлика дали станува збор за производство, маркетинг или финансии. Ова го вели Синиша Пекевски, консултант за претприемаштво, со кој разговаравме за тоа колку нашите компании се подготвени за пазарен натпревар.