sinisa pekevskifinalДневник, 29.01.2012

Гарант сега си велите, па што ми е гајле за кого ти не навиваш и каква ова има врска со темата економија за да ти пишуваш на страниците за економија во „Дневник“. Во градот Скопје и неговата околина егзистираат околу 20 фудбалски клубови, од кои дел се во првата лига, дел во втора лига, дел во скопски регион и сл. Kолку што мене ми е познато, градот не учествува во буџетот на ниеден клуб освен во Вардар и ни малку ни повеќе туку 500.000 евра и плус Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со 450.000 евра, со што се доаѓа до бројка од 950.000 евра. Значи, градот за некој клуб е мајка, а за останатите не е ни маќеа. Даваат пари во клуб за кој во просек има 100 луѓе на натпревар како гледачи.

ЗОШТО го пишувам сега ова, кога е ова место за економски теми. Па затоа што правев мало истражување и дојдов до неверојатни податоци кои всушност ја покажуваат нашата искривена реалност. Во периодот на промовирање и стимулирање на претприемништвото и започнување сопствен бизнис, каде што се даваат примери со успешни светски бизнис-лидери, годишниот буџет на Агенцијата за поддршка на претприемништвото во 2102 година е околу 250.000 евра, од кои околу 150.000 евра одат за плати, придонеси, канцелариски материјали и сл. Гледате ли некаква смисла во бројките, јас не. Она што треба да биде пресудно за развојот на Македонија на економски план е континуирано да се создаваат услови за тоа и да се поддржуваат луѓето кои сакаат да основаат свој бизнис. Треба континуирано да им овозможуваш на почетните бизниси, нивните трошоци во почетокот да се минимални, а не да ги оптоваруваш само со давачки. Во услови кога владее економска криза и кога се предвидува дека 2012 година ќе биде уште полоша од 2011 да даваш, инвестираш 1.000.000 евра во нешто што апсолутно не носи никаков профит е налудничаво. Зарем не може тие пари да се инвестираат во создавање услови за развој на бизнис или да се намали некоја давачка, на пример фирмарината за малите фирми. Ако веќе градот, државата сакаат да бидат газди, зошто тогаш го продаваа телекомот, ЕСМ и други кои носат огромни профити секоја година и се овозможува огромни средства да се изнесуваат од Македонија.

KАKО дополнителна илустрација на ова што го пишувам, да дополнам со уште некои ситни детали, за да ја имате целата слика. Владата инвестирала во само вотелевизиска промоција на кампањата „Осмели се“ околу 3.000.000 евра бруто (без попусти), да речеме дека имаат 70 отсто попуст во медија-закупот, се добива сума од околу 900.000 евра што треба да ја платат на телевизиите, а само првата награда за изработка на најдобар бизнис-план во кампањата е 10.000 евра, додека утешните награди се по 1.000 евра, вкупно 10. Слабо ми оди математика, па не можам да се снајдам во овие бројки, веројатно уште повеќе сум слаб во логика, па затоа не можам да видам и сфатам тука нешто логично.

ИНАKУ, јас навивам за Реал Мадрид и Жозе Мурињо, кој меѓу другото е голем тренер затоа што кога ќе згреши, ги признава своите грешки. Па ќе ги признае ли некој своите грешки, а потоа и исправи?

Синиша Пекевски
(Авторот е консултант)

Медија

Ohrid.