sinisa pekevskifinalИзминативе неколку дена медиумите не бомбардираа за тоа колку македонските туристи оставиле пари во Грција и колку тоа било штетно за нашата економија. Па еден економски новинар пресмета дека тоа отприлика било околу 30 милиони евра и донесе грандизоен заклучок дека доколку тие пари би останале во нашите центри (Охрид, Струга и Дојран) тие би доживеале невидена економска ренесанса и невиден развој. Но дали е тоа навистина така.

Сега е почеток на август и нашите туристички центри вријат од туристи поради празниците и задоволно тријат раце од овие неколку дена што ќе имаат многу гости и ке заработат еден куп пари. Ама, едно големо ама, повторно забораваат дека не се живее од тие неколку дена и дека парите кои сега ќе ги заработат нема да траат долго. Повторно забораваат дека треба да понудат аранжмани, услуги и цени соодветни за тоа што го нудат и тие економски да бидат прифатливи за македонските граѓани. Па наместо да се жалат повторно и постојано околу тоа дека македонските граѓани бегаат во Грција, нека понудат услови со кои ќе не натераат да дојдеме во тие центри и ги поминеме нашите празници, одмори, викенди и сл. Нека ни понудат услови кои нема да можеме да ги одбиеме и ке речеме, па да, ми се исплати во секој случај и тука ќе ги потрошам моите пари. Во изминативе неколку недели, не видов ниеден центар, ниедна туристичка агенција, ниеден хотел или туристичка организација да понуди некои аранжамни кои се конкурентни на грчките или бугарските, не видов ниедна понуда која е подобра од грчките или бугарските, не видов ниту една реклама, а за разлика од тоа бомбардирани сме од неверојатни исплатливи понуди од нивна страна кои едноставно не можеш да ги одбиеш. И секако повторно ќе следат лавина критики за тоа колку не си го цениме нашето, колку не сме патриоти, колку им ги полниме џеповите на странските држави и ја поддржуваме нивната економија. Па доагаш у ситуација да се запрашаш кој е овде луд? Од друга страна, не можам да се изначудам како тие кутри туристички бизнисмени (не можам да ги наречам претприемачи) добиваат и поддршка во медиумите, и наместо позтивна критика кон нив и да им укажат дека треба да сменат нешто и конечно почнаат да работат како што треба, граѓаните добиваат критика зошто своите годишни одмори ги користат во тие држави. Па згора на тоа секојдневно ни даваат и црни примери за тоа како се третирани македонските туристи посебно во Грција. Во ниедна емисија, дебата или прилог, не успеав да видам дека некој од министрите, директорите на агенциите за промоција на туризам или извоз, раковидители на економски сектори по министерствата ги искара тие нашие вредни туристички бизнисмени и им укажа барем малку нека ги намалат цените на услугите, па барем колку толку да се спаси сезоната. Не, тоа не го чувме, барем не ја, а и како би чуле кога тие се во Грција, Бугарија, Турција или Албанија на одмор, па и не знаат какви се цените тука.

Ајде малку да си ја чукнат главата оние што работат туризам и од тоа живеат, да помислат дека вака веќе не може и дека треба да ги засукаат ракавите и да се поработат на тоа, туризмот не е политика па да може кој стигне со неа да се занимава. Туризмот е бизнис кој изискува голема работа, креативност и умешност.

И за крај. Охридскиот градоначалник излезе и рече дека хотелијерите во Охрид мора да ги намалат цените на аранжманите и дека тие се нереални и дека мора повеќе да се работи на промоција на Охрид како туристичка дестинација со цел тузримот да трае цела година. Не знам кој го чу, ама никој не реаѓираше. И после тоа кој е тука луд?

Медија

Ohrid.