sinisa pekevskifinalСе мислам како да почнам да пишувам за претприемништво, како воопшто било каков збор да кажам или напишам покрај сите овие негативни работи кои катадневно ни се случуваат. Тргни од тоа кого се назначуваат за амбасадори, какви ликови ќе ја претставуват нашата држава, потоа гледаш како некои луѓе блокираат граница како тоа да е најлегитимен начин на протест, гледаш како нашиве големи бизнисмени повторно кукаат и лелекаат и бараат помош, субвенции, како е тешко да започнеш а камо ли да водиш бизнис.

Отвараш весници и читаш или за политика или за името, уклучуваш телевизор и повторно или политика или името, излагаш у град и слушаш или политика или името, и така без крај, па се прашуваш дали има некој што воопшто го интересира бизнис, да води бизнис нормално, да размислува претприемачки кога веќе се е исполитизирано и не гледаш позитивно. Се прашувам после како на некој да му влијаеш и да го мотивираш да започне бизнис, да работи за себе, да размислува креативно кога се околу нас прави да го направиш спротивното. Како да натераш некого да работи за себе и создава нешто, кога секојдневно гледа како се успева, како необразовани, партиско полтронски ликови успеваат, кои немаат грам искуство или познавање од работата, кои не знаат уста да отворат, а кога ќе ја отворат најчесто зборуваат шарени лаги и стануваат директори, министри, пратеници, амбасадори.

Но, би сакал на сите оние што постајно кукаат, протестираат и се жалат, да ја прочитаат книгата на Ник Вујичиќ „Да живееш слободно“ и малку да видат што значи несреќа, што значи кога си роден без екстремитети и кога си зависен од други луѓе за најосновните работи. Тоа е човек кој треба да им биде инспирација на сите оние луѓе кои постојано се жалат и кукаат дека се несреќни и не се во можност да успеат да во животот, да водат свој бизнис затоа што доаѓаат од село, сиромошни се, членови се на опозициски партии, живеат во недемократско општество и слично. Тоа е човек кој е роден без екстемитети, а плива, сурфа, вози автомобил, работи секојдневно, води своја фондација, држи говори пред огромен број луѓе, патува често и успешен е во својата работа. Па сеа се прашувам а и ги прашувам сите тие кои постојано се жалат, дали би се смениле со него, дали би ги замениле своите животи со него. Лично не верувам дека било кој би го направил тоа. Па сеа каква врска има тоа со претприемништвото. Секаква, баш секаква. Да било лесно да си претприемач, сите би биле тоа, да било лесно да водиш бизнис сите би воделе, да било лесно да успееш во работата сите би успеале, но не е. Затоа и имаме толку малку луѓе кои успеале, затоа што не веруваат во себе, затоа што не сакаат да погледнат подалеку, затоа што не сакаат да се потрудат повеќе, затоа што не чекаш некој друг да ти ја сработи работата, туку ти го прави штоа, затоа што не сакаат да работат по 12-15 часа, затоа што е многу поедноставно и полесно да се жалиш и да чекаш некој да ти помогне, затоа што е многу полесно да критикуваш.

Има една реклама која многу добро ги отсликува луѓето, “Или јеси или ниси лав„ (морав во оригинал на српски), така да или си претприемач или не си, нема помеѓу. Ако си претприемач не се жалиш, работиш многу, креираш, создваваш вредност, бараш решенија кога ќе се појави проблем, ризикуваш и спремен си на многу проблеми, отстапки, исчекувања, не очекуваш помош од некого, туку веруваш во себе и во својата работа и веруваш во успехот.

Затоа драги мои бизнисмени или ве бива или не, друго нема. Почнете да верувате во себе за да успеете, затоа што ако ти не веруваш во себе, тогаш нема никој, но не очекувајте дека ке биде лесно.

Или си претприемач или не си.

Синиша Пекевски
Консултант

Медија

Ohrid.