Колку е значаен контактот со очи во јавното говорење?

Контактот со очи може да го подобри или скрши твојот говор. Искористувајќи го правилно можеш да ја држиш публиката повеќе инволвирана и заинтересирана за тоа што имаш да кажеш.

Размислувај за тоа на овој начин – кога се чувствуваш попријатно со соговорникот, кога тој не прави контакт со очите со тебе и неговите очи многу често лутаат насекате низ просторијата или кога додека комуницирате и со погледот е концентриран на вас. Истиот одговор може да се трансферира и за говорниците пред повеќебројна публика.

Употребувајќи контакт со очите, говорникот ја држи публиката заинтересирана во тоа што тој го кажува и создава поврзаност со публиката. Доколку дозволиш твоите очи да лутаат низ просторот, можеш да си предизвикаш дополнителна нервоза и чувство на несамодоверба.

Очите со сигурност даваат сигнали за тоа како се чувствуваме во моментот. Директен пријателски поглед кон некого покажува заинтересираност и внимание, долг индиферентен поглед праќа сигнали на сомнеж и незаинтересираност. Многу малку контакт со очите дава до знаење дека сте срамежливи.

Гледајќи во публиката ќе бидеш во тек за тоа како таа реагира на твојот говор. Кога еднаш ќе осознаеш кои делови ги сакаат, можеш да ги надоградиш тие области и да користиш алатки за кои знаеш дека позитивно ќе вилјаат врз нив. На овој начин исто така ќе дознаеш дали пораката што си ја пренел е правилно слушната.

За да имате ефективни презентациски вештини, и да се осигурате дека вашата порака е навистина добро пренесена до вашата публика, мора да одржите добар контакт со очите. Исто така, контактот со очите е и начин да и се заблоагдарите на публиката за одвоеното време и за тоа што ве слушаат. После се, никој не сака да слуша говор од некој кој изгледа дека ни самиот несака да биде таму или е не е заинтересиран за тоа што го кажува.

 

 

Top
newkids href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">BlackJack free card game BlackJack free card game is completely free to play. There are no app-in purchases within this application; Кухни из крашеного мдфКухни из крашеного мдф