Како да станете добар слушател?

Кaко да станете добар слушател?

 

Во секоја размена на информации, слушањето е најбитен дел од тој процес. Во текот на животот, слушаме многу повеќе говори, отколку што испорачуваме. Ефективното слушање го развива критичкото размислување и ги сведува на минимум моментите на недоразбирање.

Не секој говорник и не секоја порака ја слушаме на ист начин или од сити причини. Некој пораки за да бидат сватени и разбрани, бараат дополнителен напор во однос на слушањето, додека попладневниот кафе-муабет со пријателите го пратиме со половина внимание но поракта е најчесто целосно и правилно сватена.

Потрудете се да станете одличен слушател, бидејќи одличниот слушател се наоѓа во основата на секој успешен лик низ историјата. Еве неколку совети од Si Communication за тоа како да го подобрите слушањето:

1.       Сватете го говорникот сериозно

-   Како и секоја вештина, и за ова е потребно време и само-дисциплина

2.       Пружете отпор на одвлекувањето на вниманието

- Кога ќе се фатите себе си како се фокусирате на друга работа, потрудете се да се вратите говорот

3.       Немојте да го расејувате вниманието на појавата на говорникот или на начинот на кој ја донесува пораката

-  Линколн и Ганди биле чудни во појавата но одлични говорници

4.       Суспендирај го осудувањето

-  „Затворен ум е празен ум“

5.       Фокусирај го своето слушање

-          Слушни ги главните поенти (добар говор има само неколку)

-          Слушни ги доказите (дали појавата е тековна, дали изворите се објективни, дали е релевантна, дали има доволно докази за да го поддржиш говорникот)

-          Слушај ги техниките (проучувај ги техниките кои ги користи говорникот, ќе ти се најдат во слични ситуации)

Top
stoke; Learn Black Jack game and practice your href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">blackjack card counting skills.; Куплю шкаф купеКуплю шкаф купе