5 совети во врска со веб-страните на малите бизниси

Многу мали бизниси се борат со одржувањето на својата веб страна. Секогаш изгледа како да има премнногу работи многу малку време за да се средат сите. Со овие проверени совети, Si Communication ќе ви помогне да решите дел од проблемите кои ви се појавуваат на ова поле.

       1.       Содржина

Многу луѓе ја мерат успешноста на сајтот  со бројот на неговите посетители. Поради тоа многу е битно кристално да ги одговориш прашањата – Зошто луѓето би го посетиле твојот сајт? Дали им нудиш интересни и информативни содржини кои се поврзани со продуктот/услугата која ја нудиш? Обемна и релевантна содржина е клучот за успешен веб сајт. Одвојувајте барем еден час во неколку денови да додадете нова содржина.

2.       Ажурираност

Одржувајте ја вашата веб страна тековно. Како што спомнавме погоре во текстот, одлично е да се има многу содржина, но ако целата е постара од три години, вашиот сајт никогаш нема да биде приоритетен за посетителите. Постојано следети ги новитетите поврзани со вашиот бизнис и недозволувајте некоја битна информација од таа област да не се најде и на вашиот веб сајт.

3.       Линкови

Ова е многу популарен начин за зголемување на рејтингот на веб страната. Но доколку сакате да ставите линк до некого на вашата веб страна или побарате од некој да стави линк до вашата, запрашајте се прво дали е тој линк релевантен со она што вие го правите? Поврзувањето со други страни е многу позитивна работа во интернет маркетингот, но секогаш внимавајте линковите да бидат соодветни и да водат до веб страни кои конкретно одговараат на темата поради која се поврзувате.

4.       Структура

Сите пребарувачи претпочитаат веб-сајт кој е добро организиран. Луѓе многу често ги интересира единствен и конкретен наслов, и затоа несакаат да губат многу време дури го бараат истиот на веб-сајтот. Направете им услуга и ним и себе и добро и прегледно структурирајте го вашиот веб сајт. Создадете поткатегории и групирајте ги релевантно сите налсови во нив. Веднаш ќе го забележите позитивниот ефект.  

5.       Слики

Ако продавате нешто што има визуелна претстава, тогаш во никог случај немојте да ги изоставите фотографиите на вашиот производ/услуга од веб сајтот. Посетителите на вашиот веб сајт, единствено преку фотографија можат да го доловат она што вие им го нудите и многу е поголема веројатноста дека физички ќе ве посетат доколку претходно им се допаднал изгледот на некој призвод чија слика стои на вашата веб старна. 

Top
kid pics; Choose bet amount and href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">train yourself BlackJackКухни из крашеного мдфКухни из крашеного мдф