Како да започнете бизнис издвојувајќи се од конкуренцијата?

Една од работите кои треба да ги имате на ум кога почнувате сопствен бизнис е дека најверојатно нема да бидете единствени на пазарот кои ја нудите таа услуга или производ. Затоа многу е битно да изградите солидна стратегија за тоа како да го отворите својот пат и да се протнете низ конкуренцијата. Еве неколку совети на оваа тема од Si Communication:

1.       Немојте да ја следите конкуренцијата во чекор

Ако правите раздвижување во вашиот бизнис само бидејќи вашата конкуренција го прави тоа, ќе бидете приметни во очите на клиентите како неиновативни и со тоа вашата конкуренција ќе го превеме местото на лидер во областа. Запомни дека сите чекори кои ќе ги превземеш, треба да бидат со склад со твојот бизнис план и со твојата визија за тоа во кој правец треба да се движиш.

2.       Таргетирај ги своите клиенти

Неможеш да ги имаш буквално сите клиенти до еден. Монополите се законски регулирани и верувајте во оваа ваша намера ќе ве спречи и државата. Постојат потрошувачи кои во никој случај, поради одредени причини никогаш нема да ги имаш како свои клиенти. Треба претходно уште при разработката на бизнис планот, да ја одредите сопствената целна група и да целите кон неа. Не обидувајте се подло да ги преземете клиентите на вашата конкуренција. Ваквите акции, најчесто имаат многу краткорочни ефекти.

3.       Биди уникатен

Да држиш чекор со конкуренцијата е продадена битка уште на самиот почеток. Размислувај на овој начин. Твојата фирма е сосема поинаква и единствена во однос на конкурентите, затоа немој вештачки да се трудиш да ја униформираш со нив. Нека не ве води успехот на конкурентната фирма. Она што менаџерот таму го презел е во склоп со нековите идеали кои најверојатно се многу поразлични од твоите. Најди начин кој ќе те направи претпознатлив во очите на клиентите. Тоа им успеало на сите светски компании без исклучок, зошто да не успее и за твојот бизнис?

Top
children coloring book; Learn Black Jack game and practice your href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">blackjack card counting skills.; Шкафы купе на заказ в МинскеШкафы купе на заказ в Минске