5 совети за успех на вашиот бизнис

Не е особено тешко или скапо да се започне сопствен бизнис. Она што е тешко во целата приказна е да се одржи бизнис на нозе а уште потешко е истиот да се прошири и да работи успешно и со полна пареа. Затоа секој новопечен бизнисмен си го поставува прашањето: Што е потребно да се почне бизнис и да се успее во истиот? Иако нема одговор на ова прашање кое ќе може да се прилагоди на сите бизниси, сепак постојат 5 правила кои се есенцијални и кои мора да ги почитувате доколку сакате да успеете во светот на бизнисот.

      1.       Биди  искрен со самиот себе

Без разлика колку многу пари некој друг заработува од некој друг бизнис, ако ти не уживаш во таа професија, ако не се гордееш со производите или услугите кои ги испорачуваш, тогаш не започнувај да го работиш истиот. Ако започнеш бизнис кој не го сакаш или во чиј успех не веруваш, дури и да ти донесе привремен успех на почетокот, никогаш нема да имаш вистински ќар од него.

     2.       Одговори на потребите на потрошувачите

Можеби си го слушнал овој совет 100 пати, на навистина е многу полезен. Најлесно и најуспешно се води бизнис кој испорачува продукти или услуги кои им се веќе познати на потрошувачите, односно за кои веќе се свесни дека им се потребни во животот. На тој начин, нема да имаш потреба да трошиш многу пари и време за да ги убедуваш потенцијалните клиенти дека им е потребно она што го продаваш туку едноставно ќе се фокусираш да им одговориш на прашањето зошто е твојот продукт најдобар од сите.

3.       Биди искрен со своите клиенти

Немој да ветуваш нешто што не можеш да го испорачаш. Немој да лажеш или да претеруваш во врска со бенефициите кои потрошувачите би ги имале од твојот производ или услуга. За малите бизниси, маркетингот „лице на лице“, односно пренесувањето на информацијата лично од потрошувач на потрошувач е примарен. Затоа не смееш да си дозволиш клиентите да шират лоша реклама за твојот бизнис на потенцијалните клиенти.

4.       Користи го интернет маркетингот

Без разлика што е тоа што го нудиш, секогаш постои шанса голем дел од потенцијалните клиенти да го користат интернетот како основно средство за информирање. За разлика од традиционалниот маркетинг, интернет маркетингот и значително поевтин и допира до поголем број на потенцијални клиенти. Социјалните интернет мрежи се особено актуелни за промоција на производи и услуги во последните неколку години, и што е најбитно, лесни се за употреба и не коштаат ништо.

5.       Не очекувајте чудо

Точно е дека некој луѓе заработуваат и додека спијат или додека се на одмор. Шансите ова да ви се случи вам, на човек кој штотуку започнал сопствен бизнис од нула, се многу мали. Имајте во предвид дека и тие луѓе вложиле многу напор и време во сопствениот бизнис на почетокот за сега, после повеќе години, да го уживаат целосниот луксуз кој бизнисот им го донел.    

 

Top
kid pics; Give this card game a try and href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">train yourself in BlackJack! If you В enjoy our black jack App you can also check Solitaire free game and Poker form Card Free Game.; Шкафы купе под заказ в МинскеШкафы купе под заказ в Минске