Обуки „Започнување бизнис“ за жени
ПСМ Фондација во соработка со Национален Совет за Родова Рамноправност започнува серија обуки „Започнување сопствен бизнис“ кои се дел од проектот „Зголемување на стапката на вработеност кај млади жени од албанска и ромска етничка припадност во Република Македонија преку зголемување на капацитетите за започнување на сопствен бизнис“.
Обуките „Започнување сопствен бизнис“ ќе бидат организирани во четири дена и ќе ги опфатат следниве модули: генерирање и евелуација на бизнис идеја, регистрирање на фирма, промоција, продажба, одредување на цена, правни аспекти и изготвување на бизнис план.
Обуките се наменети за жени од албанска и ромска националност.
Најдобрата бизнис идеја преку најдобро изработен бизнис план ќе добие награда - финансиска поддршка за реализирање на истата.
Критериуми: жени од албанска и ромска националност на возраст од 18-26 години
Локација: просториите на ПСМ Фондација - Автокоманда
Период: обуките ќе започнат од 21 март 2012
Времетраење: 4 дена
Време: 09:30 - 14:30
Сите информации околу аплицирањето ќе ги најдете на следниов линк:
http://www.yesincubator.org.mk/Media/News.aspx?n=248&r=6&l=63&c=22