ОБУКА ЗА КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ 

                Комуникацијата е уметност на успешно споделување на информациите по пат на интеракција и размена на искуство. Целта на комуникацијата е да се пренесе пораката до другите јасно и недвосмислено. Целиот овој процес на комуницирање може да биде полн со грешки и многу често пораката може погрешно да биде протолкувана од примачот. Доколку тие недостатоци не се надминат, може да предизвикаат огромна конфузија, залудно потрошен напор и пропуштени можности.

         Со оваа обука ќе научите како да го свртите бенефитот од добрата комуникација во ваша полза, како полесно да разговарате со своите вработени, соработници, пријатели и семејство, ќе научите како да го надминете стравот од соочување со луѓето и ќе му дозволите на вашиот потенцијал да дојде до израз. Оваа обука ќе ви помогне да ги остварите вашите цели и да напредувате во вашата кариера.

 Локација и период:

- Локација: ПСМ инкубатор, Скопје, Македонија

- Период: 10 март, 2012

- Време: 10:00 - 15:00 ч


                 Агенда

·         Вербална комуникација

·         Што претставува успешна комуникација

·         Вербални комуникациски вештини

·         Невербална комуникација

·         Невербални комуникациски вештини

·         Држење на телото

·         Правила на добрата комуникација

 

Предавач: Синиша Пекевски, експерт во областа на комуникациските вештини и односите со јавноста со повеќе од 11 години работно искуство. Има одржано преку 100 обуки во областа на ПР-от, комуникациските и презентациските вештини, односите со медиумите, јавниот настап и многу други. Помеѓу многубројните задоволни клиенти се наоѓаат и имињата на многу министри, градоначалници и други јавни личности од политичката, забавната и бизнис сцената во државата и надвор од неа. 

Цена: 999 денари ( во цената е вклучено и освежувањето за време на паузите ).

ЗАБЕЛЕШКА: Вашето присуство мора да го потврдите со уплата на жиро-сметката најкасно 2 дена пред почетокот на обуката, со назнака „Обука за комуникациски вештини“. Уплата на жиро – сметка: 300000002276141, банка денонент Комерцијална банка.

Контакт: 02/3103 677 или на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Top
the dropper href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">BlackJack free card game BlackJack free card game is completely free to play. There are no app-in purchases within this application; Стильные шкафы купеСтильные шкафы купе