Како да бидете добар оратор?

Ораторството е една од најстарите и најмоќни алатки која еден човек може да ја користи да ја привлече публиката, предизвикате промени, предизвика внимание. Практикувањето е секогаш предизвик. Некогаш во животот сигурно ќе се најдете во ситуација кога ќе мора да одржите говор, презентација, дадете изјава, и сл. Каква и да биде оваа ситуација говорот секогаш мора да биде добар.

 

Совети:

 

·         Бидете самоуверени. Никој не сака да слуша говор од човек кој е нервозен и самиот не верува во она коешто го зборува.

·         Ако сами не верувате во она кое го зборувате, никој нема.

·         Подогответе го говорот предвреме. Прочитајте го гласно најмалку седум пати.

·         Создадете си сценска улога. Тоа не значи да се облекувате во костуми, туку е важно да се однесувате по различно од она на што сте навикнале во приватната фирма. На сцена вие водите и секој треба да ве слуша.

·         Важно е добро да изгледате. Облекувајте се средено, изгледајте комотно, бидете умерени. Избегнувајте необични фризури, шминка, претерани детали што привлекуваат внимание.

·         Зборувајте од длабок здив. Вдишете, задржете го воздухот и искористете го за да започнете со говорење. Гласно говорете, но не викајте. Осигурете се дека нивото на гласот и на драмата е соодветен.

·         Дишете. Многу е важно дишењето. Ако не дишете правилно и не земате често воздух ќе говорите пребрзо и неразбирливо. Дишете, но не воздивнувајте или жадувајте.

·         Контакт со очи – гледајте во сите, обрнете му внимание на секој, направете секој да биде важен, не се фокусирајте само на еден човек.

·         Бидете внимателни на вашата позиција, бидете исправени, не делувајте преопуштено, не ги држете рацете во џеб, не покажувајте нервоза и не си играјте со предмети додека говорите.

·         Не се извинувајте дури и да сте згрешиле, публиката е безмилостна. На нив тоа нема да им биде грижа, вие продолжете да говорите како ништо да не се променило.

·         Бидете кратки и јасни. Не се расфрлајте со зборови и не заборавајте да го менувате тонот, волуменот и флексијата.

 

 

Top