Професори, доктори на науки

Професори, доктори на науки


Оваа моја денешна колумна ќе ја посветам на нашите големи професори по економија, претприемништво и бизнис, кои во јавноста многу сакаат да се експонираат и да зборуваат во медиумите како големи експерти и како ништо во нашата држава на економски план не може да помине без нив. Зошто одлучив да пишувам за нив, па затоа што веќе во долго работам како консултант, и дека реализирам обуки на тема претприемништво и изработка на бизнис план, самовработување, и дека реализираји ги тие обуки не можев да никако да разберам, и да сватам зошто младите луѓе на кои им ги држам тие обуки, на прашањето што сакате да работите, добар дел од нив ми одговараат директор.

Една од причините зошто е тоа така, е поради одговорноста која ќе ја немаат како директори, а ќе имаат многу бенефити, а другата причина е немањето на претприемачки дух и неразмислување во таа насока. Зошто е тоа така? Многу е едноставно, на нашите универзитети и факултети предаваат професори (со чест на исклучоци) кои не излегле надвор од нивните кабинети, освен на ручеци, семинари и конгреси и кои немаат никаков допир со праксата. Едноставно, тие што предаваат за бизнис и претприемништво никогаш не работеле на пазарот каде морале да се борат со конкуренција, да бараат нови пазари, да размислуваат иновативно и креативно, да обезбедуваат плата, туку длабоко завалени во удобните кожени фотељи даваат совети и мудруваат како треба да се работи.

Лесно е од позиција кога имате загарантирана одлична професорска плата, обезбедена од државата, да бидете теоретичари, да пишувате книги кои мора студентите да ги купуваат, и да барате од нив да ја знаат книгата буквално на памет, со од збор до збор научени дефиниции, а да немате поим навистина како се води бизнис, како се прави стратегија, како се прави бизнис план. Пробував да се сетам на сите наши министри за економија и колку од нив биле професори, па добив убава бројка. Па размислував колку од нив имаа одлична репутација како професори и потоа беа успешни во нивното министерување. Искрено да ви кажам диспропорцијата беше огромна, многу такви професори а ниеден успешен министер, се теоретичари, а практичари никакви, па потоа и не треба да се чудиме зошто економскта ситуација ни е толку лоша и зошто се пишуваат убави на изглед стратегии, планови, книги, а во реалноста не можат да се имплементираат. Тоа е затоа што тие НИКОГАШ не излегле на терен и да видат како е. Сега верувам дека еден куп такви професори ќе им го погодам егото, и ќе речат, можеби и вербално ќе ме нападнат, кој сум јс да зборувам и да кажувам вакви работи. Но, професори, доктори на науки и академци, излезете надвор и видете што се случува.

Во развиените и успешни економски земји, добри професори се оние кои работат на терен, оние кои имаат вистинско искуство на пазарот, оние кои се бореле и се борат на пазарот секојдневно. Тие имаат што да им кажат на учениците и студентите, тие можат да го пренесат своето знаење и да го развијат бизнис и претприемачкиот дух кај нив, а не оние кои седат во кабинетите, имаат огромно его и мислат за себе дека се најпаментни и најспособните во земјава, а немаат 1 ден искуство.

Единствена “ДОБРА“ работа која одлично ја прават и тука не можам да спорам, е што продуцираат неверојатен број на доктори на науки, кои можеме да ги извезуваме, а при тоа задолжително тие да бидат нивни керќи и синови, роднини, пријатели, партиски другарчиња. Па благодарение на тоа сме високо ДОЛЕ котирани на Шангајската листа на добри универзитети, а можеби и не нема.

Пишува Синиша Пекевски

Консултант во SI comunication

Top