ДНЕВНИК 25.12.2011

Ајде да зборуваме за бизнис

 

Во МакедониЈа се зборува за с¦, но наЈмалку се зборува за бизнис, но бизнис во вистинска смисла на зборот. Тука не мислам на бизнис на наместени тендери, договорени работи, политиЧки бизнис, мислам на бизнис во коЈ компаниите се борат на вистински наЧин, бизнис во коЈ доминираат пазарните принципи. Е тоа наЈмалку го има

Изминативе неколку дена на социјалните мрежи буквално сме бомбардирани од теми кои се многу чувствителни и теми што носат омраза, завист, навреди, се зборува за сексуални фантазии, се зборува за тоа кој новинар каде работи, за колку пари работи во тој и тој медиум, кој на која политичка партија ~ припаѓа, кој со кого е поврзан и куп други по мене небитни работи. Погледнете ги медиумите, вестите се отвораат со политика, политика и политика, во дневните весници и магазини доминираат теми со политика, политика и политика, небитно дали е внатрешна или надворешна. Новинарите и јавноста се оптоварени со политика, политика и само политика и го занемаруваат економскиот сегмент. Аманте веќе, доста е.

Ајде да ги тргнеме тие работи на страна и да зборуваме за бизнис, ајде да зборуваме на тема економија, претприемаштво и тие теми да доминираат во нашиот живот, ајде да ги оставиме другите работи со кои сме преокупирани и кои не ни го подобруваат нашиот живот. Ајде да зборуваме за успешни приказни, ајде да зборуваме за бизнис, ајде да зборуваме за тоа како да направиме бизнис, ајде да зборуваме за економски просперитет. Во Македонија се зборува за с`, но најмалку се зборува за бизнис, но бизнис во вистинска смисла на зборот. Тука не мислам на бизнис на наместени тендери, договорени работи, политички бизнис, мислам на бизнис во кој компаниите се борат на вистински начин, бизнис во кој доминираат пазарните принципи. Е тоа најмалку го има, па затоа и го пишувам и овој текст, сакам да влијаам и да почнеме барем да зборуваме за бизнис, да зборувам за тоа како може да се развиваме, како може да напредуваме и да се бориме со конкуренцијата, но во странство, бизнис со пазарни принципи. 

Зошто го пишувам ова? Едноставно ми е смачено кога гледам и слушам како нашиве големи македонски бизнисмени постојано се жалат и плачат колку е тешко да се води бизнис, колку е с` политика, колку е голема кризата и колку државата (владата) треба да им помогне тие да продолжат со своето работење. Дали е тоа бизнис и бизнис-размислување, во кое постојано некој (читај: владата) треба да им помогне за да може да ги водат своите компании, а притоа кога ќе ги погледнете сите нив, тие возат екстремно скапи автомобили, имаат луксузни часовници, поседуваат јахти. 

Затоа наши големи бизнисмени, почнете да размислувате во таа насока, не барајте само помош, туку барајте решенија кои ќе го развијат вашиот бизнис, инвестирајте во иновации и во млади луѓе, инвестирајте во технологија, размислувајте бизнис и само така ќе успеете. Доколку мислите дека е тешко и дека тоа е невозможно, ве поканувам да го посетите бизнис-инкубаторот во Скопје каде што функционираат околу 20 компании, во кои основачи се млади луѓе, и ќе видите дека таму не се зборува за политика, не се зборува за коли, јахти и сл., туку се работи на нови технологии, се работи за странски пазари и на крај не се бара помош, туку се бараат можности и решенија. 

Ајде да работиме и да направиме да се зборува за економија, за бизнис и на крај како ќе ги стимулираме и мотивираме младите да почнат да водат свој бизнис. Тоа секако нема да се случи ако во јавноста доминираат политички теми, затоа АЈДЕ ДА ЗБОРУВАМЕ ЗА БИЗНИС.

Синиша Пекевски
(Авторот е консултант)

Top
the dropper; Choose bet amount and href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">train yourself BlackJackШкафы купе на заказШкафы купе на заказ