Снег во зима!

 

Дневник, 15.01.2012

Снег во зима!

Што Ќе мислат тие туристи што останаа завеани и плус неколку дена и што Ќе помислат тие што требаше Нова година да Ја поминат на Пелистер, мислите Ќе се вратат некогаш пак. Kакви се тоа зимски центри кои не можат да обезбедат елементарни услови, проодни патишта, па сигурно снегот не наврнал пет метри за еден Час, туку постепено паЃал. По некоЈа логика, од моментот на паЃање снег се вклуЧува механизациЈа и таа постоЈано работи бидеЈЌи се кратки релации или согласно со нашата логика, Ќе Чекаме да падне целиот снег, па потоа поЧнуваме со расЧистување на истиот


Повеќе: Снег во зима!

И насмевката носи туристи

 

28.11.2011

И насмевката носи туристи

Бил ли некој на Чочев Kамен, место во близина на Kратово, или можеби во Kокино, Kумановско, или на пример во Шарената џамија во Тетово, места кои се раритетни, места кои имаат историско значење. Ова го прашувам затоа што препознатливоста и имиџот на Македонија, за жал, се сконцентирарни на Охрид и на Скопје. Со својата традиција, културно историско наследство кое го поседуваме во изобилство (но за жал досега не се грижевме многу), Македонија има можност да стане важна светска дестинација, доколку го изгради и постави имиџот на земјата како бренд дестинација базирајќи специфични туристички производи како горе посочените, а кои туристичкиот пазар ги бара.

Повеќе: И насмевката носи туристи

Осмели се повторно

 Дневник, 11.12.2011

Осмели се повторно

Изминативе недели од медиумите сме бомбардирани од кампањата за развивање и за подигање на јавната свест за развој на претприемничкиот дух меѓу младите луѓе наречена „Осмели се“. И тоа е супер, браво, конечно на некоја влада реално ~ текна дека треба да направи нешто повеќе за да ја развие претприемничката култура кај младите, а не само да се размислува за вработување во јавната или државната администрација. Kурсот што до сега го тераа скоро сите влади е своите младите луѓе да ги вработуваат во тие институции и таму да ги згрижат, без притоа да посветат какво било внимание за претприемаштво, вработување на младите во приватниот сектор и за развој на економијата. За жал, ниту една влада до сега не се потруди на направи нешто на тоа поле. Затоа ова што сега се прави навистина претставува добар почеток за стимулирање на претприемаштвото и за развој на таа култура во Македонија. Но секогаш има едно „но“, што н` спречува да направиме онака како што треба.

Повеќе: Осмели се повторно

Top
pipette; Learn Black Jack game and practice your href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">blackjack card counting skills.; Шкафы купе в МинскеШкафы купе в Минске