Kомпаниите мора да размислуваат пазарно

 

Дневник, 29.07.2012

СИНИША ПЕKЕВСKИ, KОНСУЛТАНТ ЗА ПРЕТПРИЕМАШТВО

        Компаниите мора да размислуваат пазарно

 

Македонските компании с` уште во недоволна мера користат услуги од стручни надворешни лица бидејќи сопствениците мислат дека можат с` да направат сами. Тоа е последица на македонскиот менталитет дека знаеме с`, дека нема работа за која не н` бидува, без разлика дали станува збор за производство, маркетинг или финансии. Ова го вели Синиша Пекевски, консултант за претприемаштво, со кој разговаравме за тоа колку нашите компании се подготвени за пазарен натпревар.

Повеќе: Kомпаниите мора да размислуваат пазарно

Program samozapošljavanja u Makedoniji obećava

SETitems.com, 05/03/2012

Program samozapošljavanja u Makedoniji obećava

 

Makedonska vlada i civilno društvo rade zajedno na programu samozapošljavanja kroz kreditiranje, koji nudi potencijalnim preduzetnicima povoljne kredite za otvaranje preduzeća.

Повеќе: Program samozapošljavanja u Makedoniji obećava

Македонски брендови што ја надживеаја СФРЈ

 НОВАМАКЕДОНИЈА, 07.04. 2012

Македонски брендови што ја надживеаја СФРЈ

Повозрасните граѓани што се сеќаваат на животот во тогашната федеративна држава сé уште ги паметат мебелот на „Треска“, вкусната „струмка“, ќебињата на „Отекс“, обувките на „Газела“,прашокот за перење „билјана“, како и производите на „Астибо“. Многу од нив згаснаа, но еден дел успеа да се избори, да преживее, па дури и да порасне, да се развие во поглед на количества, извоз, квалитет и достапност.

 

Повеќе: Македонски брендови што ја надживеаја СФРЈ

САКАМ ДА БИДАМ ДРЖАВЕН ДИРЕКТОР

ДНЕВНИК, 11.03.2012

САКАМ ДА БИДАМ ДРЖАВЕН ДИРЕКТОР

Е сега, јас не можам никако да разберам и сватам, од една страна се сака да се поттикне претприемачкиот дух кај младите, да стартуваат и започнат со свој бизнис, а од друга страна се наградуваат неработниците. Јас до сега не слушнав некој од директорите на јавните пртепријатија да е сменет и разрешен од должноста поради неговите лоши резултати и лошо извршување на должноста.

Повеќе: САКАМ ДА БИДАМ ДРЖАВЕН ДИРЕКТОР

Менаџерски ѕверки

Дневник, 26.02.2012

Менаџерски ѕверки

Kрајот на минатата недела ме дочека во посебно расположение. Kонечно излезе сонце, во Скопје беше сончево, а со тоа и кај мене дојде позитивната атмосфера, позитивно расположение. Со излегувањето на сонцето и пристигнувањето на убавото време конечно се скратија еден куп маки на директорите и менаџерите кои требаше да се грижат и да ги одржуваат нашите патишта, улици, сокаци. Она што требаше тие да го направат ќе го направи сонцето, ќе го стопи снегот. Е сега, на едни ќе им се раздени, на други ќе им се стемни. Зошто? Па затоа што кога снегот ќе се стопи, ќе порасне водостојот на реките и тие ќе почнат да се изливаат од своите корита и ќе почнат да прават штети. Зошто кога пишувам сега ова и каква врска има тоа со економијата. Па има, денес секој мисли дека може да биде менаџер, секој може да биде директор и да управува, секој може да биде министер. Но навистина, дали може?

Повеќе: Менаџерски ѕверки

Местото на ПР е во топ-менаџментот на компанијата

 

Капитал, 20.02.2012

МЕСТОТО НА ПР Е ВО ТОП-МЕНАЏМЕНТОТ НА КОМПАНИЈАТА

Силвана Жежова
Успешна ПР-стратегија индиректно значи добиени политички избори, значително поголема продажба, сериозно зголемен углед, суштинско влијание врз одреден процес на носење одлуки, коментираат експертите за односи со јавност во земјава.

Повеќе: Местото на ПР е во топ-менаџментот на компанијата

Парите се клуч за бизнисот

 Дневник, 15.02.2012

Парите се клуч за бизнисот

 

Процените се дека за мал бизнис се потребни минимум 2.500 евра, а за поголем бизнис или мало производство без стотина илјади евра не треба ниту да размислувате. Гаранции дека бизнисот ќе тргне нема никакви. Затоа, покрај низа способности, треба да научите и да ризикувате

Повеќе: Парите се клуч за бизнисот

Имаме ли брендови?

Дневник, 12.02.2012

Имаме ли брендови?

Во овие сибирско студени денови, кога не ти се излегува воопшто од дома, а мораш, имав идеја да пишувам за НЕспособноста на нашите менаџери, директори, раководители и нивниот начин на НЕработа, но тоа ќе го оставам за следната колумна и сега ќе пишувам за нешто што сите го знаат, а всушност многу малку знаат. Нема да пишувам за политика, туку ќе пишува за нешто што посебно го сакам и што навистина ми лежи, за брендови. Зошто сакам да пишувам за брендови, па затоа што погледнете само во рекламите и на етикетите на компаниите, огромен дел од нив ставаат некаков знак или велат дека се брендови, супербрендови, најбрендови или во самата реклама зборуваат дека се тоа. Дали е тоа навистина така, дали тие се навистина брендови и дали знаеме што всушност значи бренд.

Повеќе: Имаме ли брендови?

Јас не навивам за Вардар

ДНЕВНИК, 29.01.2012

Јас не навивам за Вардар 

Гарант сега си велите, па што ми е гајле за кого ти не навиваш и каква ова има врска со темата економија за да ти пишуваш на страниците за економија во „Дневник“. Во градот Скопје и неговата околина егзистираат околу 20 фудбалски клубови, од кои дел се во првата лига, дел во втора лига, дел во скопски регион и сл. Kолку што мене ми е познато, градот не учествува во буџетот на ниеден клуб освен во Вардар и ни малку ни повеќе туку 500.000 евра и плус Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со 450.000 евра, со што се доаѓа до бројка од 950.000 евра. Значи, градот за некој клуб е мајка, а за останатите не е ни маќеа. Даваат пари во клуб за кој во просек има 100 луѓе на натпревар како гледачи.

Повеќе: Јас не навивам за Вардар

Интервју со Синиша Пекевски

 

21.01.2011
MNOGOO.MK

ИНТЕРВЈУ СО СИНИША ПЕКЕВСКИ

Целиот ден посветен на состаноци, а навечер опуштен со пријателите. Синиша Пекевски има дипломирано на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а постдипломски студии на Универзитетот „Браќа Кариќ“ во Белград. Овој млад човек се занимава со односи со јавност и ПР - професија што не е многу застапена во Македонија и меѓу македонските бизнисмени.

Повеќе: Интервју со Синиша Пекевски

Ајде да зборуваме за бизнис

ДНЕВНИК 25.12.2011

Ајде да зборуваме за бизнис

Во МакедониЈа се зборува за с¦, но наЈмалку се зборува за бизнис, но бизнис во вистинска смисла на зборот. Тука не мислам на бизнис на наместени тендери, договорени работи, политиЧки бизнис, мислам на бизнис во коЈ компаниите се борат на вистински наЧин, бизнис во коЈ доминираат пазарните принципи. Е тоа наЈмалку го има

Изминативе неколку дена на социјалните мрежи буквално сме бомбардирани од теми кои се многу чувствителни и теми што носат омраза, завист, навреди, се зборува за сексуални фантазии, се зборува за тоа кој новинар каде работи, за колку пари работи во тој и тој медиум, кој на која политичка партија ~ припаѓа,

Повеќе: Ајде да зборуваме за бизнис

Top
stoke; Such options as splitting and doubling down are included so you can use these href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">advanced blackjack 21 strategies in your play together with blackjack basic strategy.; Шкафы купе под заказШкафы купе под заказ