Социјализам

 

Во минатата моја колумна пишував за работењето на македонските компании на пазарен принцип и дали воопшто нашите компании знаат да работат на тој принцип. Во оваа денешна моја колумна само ќе се надоворзам на тоа. Насловот на колумната е социјализам и социјалистичко општество.

 

 

Повеќе: Социјализам

Пазарен принцип

 

Пазарен принцип

 

Она што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. 

Повеќе: Пазарен принцип

Колку вредиш денес?

Денешнава колумна ќе ја започнам со прашање – Колку вредиме денес?

Повеќе: Колку вредиш денес?

Колку вредиш денес? (2)

Денешнава колумна ќе ја започнам со прашање – Колку вредиме денес?

Повеќе: Колку вредиш денес? (2)

Или си претприемач, или не си (2)

 

Се мислам како да почнам да пишувам за претприемништво, како воопшто било каков збор да кажам или напишам покрај сите овие негативни работи кои катадневно ни се случуваат.

Повеќе: Или си претприемач, или не си (2)

Претприемнички дух

 

Денеска ќе пишувам за претприемништвото и претприемачкиот дух во Македонија, и намерно го потенцирам ова претприемништво, а не претпреимаштво. Постои ли во Македонија и претприемништво, и дали тоа се врзува само за млади.

Повеќе: Претприемнички дух

ТУРИЗАМ СО МАКЕДОНСКИ ЗАЧИН


 

Во минатата моја колумна напишав дека по изјавата на охридскиот градоначалник никој не реагираше и дека се остана исто. Но, згрешив, многу згрешив. 

Повеќе: ТУРИЗАМ СО МАКЕДОНСКИ ЗАЧИН

Кој е тука луд?

Изминативе неколку дена медиумите не бомбардираа за тоа колку македонските туристи оставиле пари во Грција и колку тоа било штетно за нашата економија. Па еден економски новинар пресмета дека тоа 

Повеќе: Кој е тука луд?

Туризам без туристи

Долго време се мислам како да ја почнам мојава колумна, и како најубаво преку овој мој став да кажам и пренесам нешто, а да не бидам сватен од јавноста, еве уште еден се прави паметен па раскажува за туризамот, доста ни е од критичари и од луѓе со негативен став. Но, за жал тоа е вистината, јас многу би сакал да пишувам сега за позитивното искуство и да напишам за мојата чудесна земја како туристички рај, но реалноста ме враќа назад. Медиумите брујат и информираат дека сезоната пропаѓа, дека еве уште една пропадната сезона, дека наместо таа да биде продолжена и да трае 3 месеци, таа се сведува на помалку од 20 дена во годината,  стартува на 25 јули завршува на 10 август, за жал.

 

Ќе се обидам преку преку конструктивна критика да предложам или барем укажам за она што треба да се направи, доколку навистина сакаме да бидеме топ туристичка дестинација во иднината.

Кога би ги прашале туристичките работници во Охрид, Струга, Дојран и итн и оние што се грижат за развој на туризмот, зошто и оваа сезона пропаѓа, зошто се помалку туристи има кои ги посетуваат овие наши дестинации, како од пушка ќе ви одговорат дека Скопјани не го сакаат Охрид, дека владата не им помага, дека е голема економска криза, дека времето оваа година не се погоди, дека македонците се предавници и не сакаат своите пари да ги потрошат тука, туку во Грција и итн итн, и во ниеден одговор нема да видите дека можеби вината лежи во нив, во нивната анемичност, нивната неангажираност, нивната непретприемничивост, нивната неинвентивност и сл. Во ниеден момент нема да ви кажат дека они се виновни, и дека веќе уште од вчера размислуваат и се спремаат грешките кои се направени да се поправат и веќе следната сезона да биде многу подобра. Пак ќе кажам, нема да критикувам и да ликувам за ова, заради тоа што ако они се неуспешни и јас сум неуспешен, ако тие не заработиле пари, и јас нема да заработам пари, ако тие се жалат и јас ке се жалам, итн.

Првата работа која треба да ја направиме е конечно треба да се освестиме и да почнеме да размислуваме малку бизнис, да не летаме у облаци и да очекуваме дека само богати туристи ќе ни доаѓаат и ке оставаат баснословни пари, а при тоа нема да бидат гласни, ќе бидат културни, рано ќе си легнуваат, нема да извољеваат и бараат нереални работи, туку ќе се задоволат со она што им го нудиме. Треба еднаш за одлучиме кои туристи ги сакаме, сакаме странци или домашни гости, сакаме млади или возрасни луѓе, сакаме богати или средна класа и согласно тоа да ја креираме нашата стратегија, не може да сакате млади луѓе, а да ви смета галамата и вревата која ја прават, не може да сакате гости кои се богати, а да немате хотел со 5 звезди и вработени кои говорат само еден јазик, македонски, така не се тера туризам.

Втората работа, кампања за привлекување гости и промовирање на туризмот. Треба да се сфати дека рекламна кампања не се води во мај и јуни, туку таа започнува многу порано во есен или во зима, и таа треба да биде континуирана, а не ад хок. Туристите своите аранжмани ги прават многу порано, а не одлучуваат каде ќе одат на одмор во последните 5 минути. И поврзано со таа рекламана кампања, можеби ќе звучи банално, ама таа кампања мора да има слоган соодветен за оние гости што ги сакаме. Она што го немаме, а што очајно ни треба е движечки слоган, кој ќе предизвика интерес и моментална реакција. Не може со стари излитени фрази да очекуваме резултати.

И третата работа, еднаш засекогаш треба да сватиме дека море и езеро не може да биде никогаш исто, соодветно на тоа мора нашите цени да ги прилагодиме за условите кои ги имаме, не може да цените во Македонија да бидат двојно поголеми од Грција или Бугарија, не може да наплаќаме нешто скапо, а тоа не вреди. Во Грција ке спиеш 30 евра 7 дена, а во Македонија само ке останеш 3-4 дена. Малку треба да бидмее реални во тој поглед, видовме дека локал патриотизмот не проаѓа, дај малку да се свртиме и размислуваме трезвено и бизнис.

Малку за туризмот и штој тој значи, градот Њујорк од град со најголема стапка на криминал во Америка, стана туристички бренд, неговата кампањта “I love NY“ во 2005 годиона донела дополнителни вработувања од 17 000 луѓе и преку 100 милиони долари во даноци и такси за градот Њујорк.

И за крај една урбана легенда, не знам дали е вистина, ама мислам дека го одразува нашиот менталитет. Келнер им носи топло пиво на туристи, а тие зачудени го прашуваат, добро немаше ли ладно? Келнерот, помалку изнервиран од прашањето, одговара: логика луѓе, логика, да имаше ладно ќе ви донесев ли тополо!?

Пишува Синиша Пекевски

Консултант во SI comunication

Професори, доктори на науки


Оваа моја денешна колумна ќе ја посветам на нашите големи професори по економија, претприемништво и бизнис, кои во јавноста многу сакаат да се експонираат и да зборуваат во медиумите како големи експерти и како ништо во нашата држава на економски план не може да помине без нив. Зошто одлучив да пишувам за нив, па затоа што веќе во долго работам како консултант, и дека реализирам обуки на тема претприемништво и изработка на бизнис план, самовработување, и дека реализираји ги тие обуки не можев да никако да разберам, и да сватам зошто младите луѓе на кои им ги држам тие обуки, на прашањето што сакате да работите, добар дел од нив ми одговараат директор.

Една од причините зошто е тоа така, е поради одговорноста која ќе ја немаат како директори, а ќе имаат многу бенефити, а другата причина е немањето на претприемачки дух и неразмислување во таа насока. Зошто е тоа така? Многу е едноставно, на нашите универзитети и факултети предаваат професори (со чест на исклучоци) кои не излегле надвор од нивните кабинети, освен на ручеци, семинари и конгреси и кои немаат никаков допир со праксата. Едноставно, тие што предаваат за бизнис и претприемништво никогаш не работеле на пазарот каде морале да се борат со конкуренција, да бараат нови пазари, да размислуваат иновативно и креативно, да обезбедуваат плата, туку длабоко завалени во удобните кожени фотељи даваат совети и мудруваат како треба да се работи.

Лесно е од позиција кога имате загарантирана одлична професорска плата, обезбедена од државата, да бидете теоретичари, да пишувате книги кои мора студентите да ги купуваат, и да барате од нив да ја знаат книгата буквално на памет, со од збор до збор научени дефиниции, а да немате поим навистина како се води бизнис, како се прави стратегија, како се прави бизнис план. Пробував да се сетам на сите наши министри за економија и колку од нив биле професори, па добив убава бројка. Па размислував колку од нив имаа одлична репутација како професори и потоа беа успешни во нивното министерување. Искрено да ви кажам диспропорцијата беше огромна, многу такви професори а ниеден успешен министер, се теоретичари, а практичари никакви, па потоа и не треба да се чудиме зошто економскта ситуација ни е толку лоша и зошто се пишуваат убави на изглед стратегии, планови, книги, а во реалноста не можат да се имплементираат. Тоа е затоа што тие НИКОГАШ не излегле на терен и да видат како е. Сега верувам дека еден куп такви професори ќе им го погодам егото, и ќе речат, можеби и вербално ќе ме нападнат, кој сум јс да зборувам и да кажувам вакви работи. Но, професори, доктори на науки и академци, излезете надвор и видете што се случува.

Во развиените и успешни економски земји, добри професори се оние кои работат на терен, оние кои имаат вистинско искуство на пазарот, оние кои се бореле и се борат на пазарот секојдневно. Тие имаат што да им кажат на учениците и студентите, тие можат да го пренесат своето знаење и да го развијат бизнис и претприемачкиот дух кај нив, а не оние кои седат во кабинетите, имаат огромно его и мислат за себе дека се најпаментни и најспособните во земјава, а немаат 1 ден искуство.

Единствена “ДОБРА“ работа која одлично ја прават и тука не можам да спорам, е што продуцираат неверојатен број на доктори на науки, кои можеме да ги извезуваме, а при тоа задолжително тие да бидат нивни керќи и синови, роднини, пријатели, партиски другарчиња. Па благодарение на тоа сме високо ДОЛЕ котирани на Шангајската листа на добри универзитети, а можеби и не нема.

Пишува Синиша Пекевски

Консултант во SI comunication

Нашите бизнисмени се плашат да вложуваат дома

 

 

Нова Македонија, 03. 10. 2012

Нашите бизнисмени се плашат да вложуваат дома

Во дебатата дали домашните и странските инвеститори имаат ист третман никој не споменува колкави се домашните гринфилд-инвестиции. Ретките успешни приказни во металургијата, земјоделството, преработувачката и ИТ-индустријата, за жал, не успеваат да ја подобрат целосната слика на ригидност кај домашните инвеститори и кај банките, кои очигледно не се подготвени или немаат доволно знаење да реализираат бизнис-проект што ќе донесе висококвалитетно производство достојно за меѓународните пазари.

 

Повеќе: Нашите бизнисмени се плашат да вложуваат дома

Top
kid pics href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">BlackJack free card game BlackJack free card game is completely free to play. There are no app-in purchases within this application; Кухни на заказКухни на заказ в Минске