Деан Коцевски – Генерален менаџер на „Резерва ДКМ: Моето име е Деан. По природа сум особа која сака да исцрпи што повеќе од животот на било кое поле. Нормално како и сите и јас не сум совршен и имам недостатоци и мани, од кои дел ми се веќе идентификувани а дел не. Што се однесува на оној дел кој веќе ги имам идентификувано, многу работам да ги поправам односно да се усовршам и кај дел од нив успеав. За останатите ми беше потребно професионално мислење и насоки за патот до целта. Кога дознав за обуката за комуникациски вештини од страна на Си-Комуникации и Г-дин Пекевски, без да размуслувам се пријавив. Очекувањата ми беа големи, резултатите огромни. Ден по обуката не станав професионалец со комуникациски вештини, но затоа знам каде сум грешел и како да ги поправам грешките што досега сум ги направил. Знам дека во иднина ќе има големи разлики како на професионално така и на приватно поле благодарение на оваа обука и благодарение на одличниот пристап на г-дин Пекевски за време на обуката.Тоа беше првата обука која сум ја слушал од Г-дин Пекевски, но едно знам – а тоа е дека не е последна и дека со задоволство би присуствувал на понатамошните обуки.

 

 Александар Крстевски – студент:  Можам да кажам дека презентацијата беше многу добра. Имаше многу работи кои ги знаеме од општа култура но го занемаруваме нивното значење, па добро беше да се потсетиме на нив, а исто така дознав и некои нови интересни работи кои ќе бидат од полза. Ми беше задоволство да присуствувам на вашата презентација.

Владимир Јовановиќ – професор: обуката беше ОК, ги исполни моите очекувања, нормално и Синиша како предавач

 

Јелена Панчевска - студент:Ти благодарам за презентациите и за тоа што ми овозможи да научам нешто повеќе, а и да сватам дека сум се зезнала што сум се запишала на шумарски факултет а не на односи со јавност.

Емилија Трајковска - студент: Обуката беше одлична. Ми се допаѓа методологијата која ја користиш и пристапот на споделување информации. За мене обуката беше од големо значење. Научив доста корисни работи, кои секако треба да се спроведат во практика, вклучувајќи многу повеќе ангажирање околу вежбањето :-) и повеќе минути за подготвување презентација :-) Единствено морам да додадам дека 3-4 часа (предавања) се премалку за ваква обука.

 

Повеќе артикли...

  1. ГЛОБАЛ НЕТ
Top
newkids; Give this card game a try and href="https://play.google.com/store/apps/details?id=com.fazimahbteds.blackjack" target="_blank">train yourself in BlackJack! If you В enjoy our black jack App you can also check Solitaire free game and Poker form Card Free Game.; Кухни под заказ угловыеКухни под заказ угловые