Центар за институционален развој - ЦИРа

Центар за институционален развој - ЦИРа

Центарот за Институционален развој – ЦИРа, под мотото „Вратата е отворена, студирај медицина“ започна со имплементирање на проектот “Подготовка на средношколци – Роми за запишување на медицинските факултети во Република Македонија” како дел од програмата за медицински стипендии за Роми кои се запишани на медицинските училишта и факултети во Македонија. Со имплементирање на овој проект се предвидува да се припремат 25 средношколци Роми кои учат во четврта година во средното образовани и да се даде поддршка за нивен професионален развој и стекнување на потребните медицински квалификации за запишување на медицинските факултети во Македонија.

 

Главната цел на проектот е да се зголеми бројот на студенти од Ромска националност на медицинските факултети со што ќе се придонесе кон развој на професионален медицински кадар помеѓу Ромската популација, унапредување на пристапот до здравствените услуги за Ромите и поставување на основа за институционализација на подготвителните курсеви на локално и централно ниво. Проектот има за цел средношколците, ученици во четврта година од средното образование, а кои се припадници на Ромската етничка заедница и кои сакаат да се запишат на медицински факултет да се подготват да успешно да ја положат државната матура и се запишат на медицинските факултети. Покрај подготвителните курсеви за полагање на државна матура и запишување на медицински факултети во државата, средношколците ќе учествуваат на работилници за мотивација, самодоверба и справување со стресот, како и презентациски и комуникациски вештини, односно со вештини кои ќе им користат во но нивното понатамошно успешно образование.

Проектот се спроведува втора година по ред во Македонија, и во 2010-2011 во рамките на проектот беа вклучени 20 средношколци, од кои 17 се запишаа на државните медицински факултети, што претставува огромен успех  и мотивација за продолжување на проектот за поттикнување на Ромите за нивно поголемо образование.

Финансиските средства за оваа програма се обезбедени од Ромскиот Едукативен Фонд (РЕФ) и Институт Отворено Општество (ИОО) од Будимпешта. Проектот во Македонија,  го имплементира Центарот за Институционален развој – ЦИРа.

Top