Глобална Недела на Претприемништво

глобална недела на претприемништво

Што претставува Глобалната недела на претприемаштво?

Глобална недела на претприемаштво (14- 20 Ноември 2011) претставува глобален настан чија цел е отпочнување на идеи за претприемништво на младите луѓе и адресирање на најголемите општествени тематски идеи за намалување на сиромаштијата преку климатските промени. Повеќе од 70 земји се во тек да потпишат за спроведување на нивна сопствена верзија за неделата на претприемништво. Овој настан по трет пат ќе се одржи во Македонија и повеќе од 40 организации ќе спроведат настани и активности за да ги охрабрат луѓето за реализирање на нивните сопствени идеи. Ова може да започне нов бизнис или општо претприемништво или да се реализираат идеи на работното место.
Доколку имате прашања за Неделата на Претприемништво, проверете ја страната Прашања.
 
Што се подразбира под претприемништво?
Подразбираме да се има идеа и нивно реализирање. Вештините кои ги уптребуваме за да го објасниме претприемништвото се:
  • креативност
  • решавање проблеми
  • ризикување
  • финансиска способност
  • снаодливост
  • иницијативност
  • продавање идеи
Младите луѓе нивните вештини за претприемаштво може да ги употребат во многу области од нивниот живот: на работа, дома или во образованието. Сите овие важни способности ќе му помогнат на човекот да ја оствари својата цел.
 
Кампањата зад Глобалната недела на претприемништвото
Претприемачкиот сервис за млади (ПСМ) Фондација (www.yesicubator.org.mk ) и Агенцијата за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (АППРМ) www.apprm.gov.mk се двете организации кои ќе работат на организирање и поддржување на овој настан во Македонија. Двете организации ќе работат на мотивирањето на луѓе кои имаат идеи за нивно спроведување. Целта е креирање на култура која ги поддржува луѓето од претприемаштвото и можноста за препознавање дека правењето пари и имањето позитивно влијание врз општеството одат рака под рака.

 

Top