Односите со јавноста ви овозможуваат да го проектирате имиџот или личноста на вашата организација кај вашата “јавност” – потрошувачи, клиенти, корисници,  спонзори, донатори, локалната заедница, и вашата друга публика. Тоа е процес на пренесување на вашата порака до вашата публика,  но процес кој е со двонасочна комуникација. Вие мора секогаш да комуницирате со вашите јавност, но треба исто така да и овозможите и на нив да имаат комуникација со вас. Вистинските односи со јавноста вклучуваат двострана, позитивна и искрена комуникација.

Односите со јавноста се корисни за секоја компанија, организација, институција, личност, не заради промоција на своите постигнувања, туку за да станат подобри во својата работа и континуирано да се движат напред. Гледајќи ја организацијата на начинот на кој ја гледаат другите, може да станете подобри и може да бидете сигурни дека секогаш го давате најдоброто од вас. Кои се придобивките од добри односи со јавноста?

  1. Креира бизнис лидериЕфикасните односи со јавност можат да ги подобрат бизнис резултатите преку креирање на нови лидери.  Колку повеќе Вашата компанија е застапена во медиумите толку повеќе истата има шанси за развој и просперитет.   
  2. Привлекува клиенти.Соодветната поставеност во медиумите во вистинско време привлекува нови клиенти.  Со вистинска стратегија на односите со јавноста се зголемува кредибилитетот на компанијата.  
  3. Привлекува талентирани лица.Во многу случаи кампањите за односи со јавност не привлекуваат само потенцијални клиенти туку и потенцијални вработени исто така.   
  4. Задржува добрите вработени. Честите промени меѓу вработените е замка за повеќето организации.  Компаниите кои не посветуваат внимание на односите со јавност не можат да видат дека истиот го зголемува моралот на вработените.   
  5. Намалување на трошоците.Намалувањето на трошоците е бенефит од односите со јавност, особено кога ти се дел од останатите тактики во маркетинг делот.

Односите со јавноста се неизоставен дел од работењето на секоја успешна компанија и тоа вклучува градење на добри односи на компанијата со различни делови од јавноста по пат на постигнување на поволен публицитет, градење на добар корпорациски имиџ и решавање или спречување на појави од неповолни гласини, приказни и настани.

  • Консалтинг за стратегиско позиционирање
  • Анализа и истражување
  • Поставување на комуникациски систем
  • Внатрешни комуникации
    • Односи со јавноста
    • Односи со медиуми
    • Односи со заедницата
    • Односи со посебни јавности
    • Односи со вработени
  • Кризен менаџмент/ кризно комуницирање
  • Лобирање
  • Организација на настани
  • Менаџирање на настани

Media

Ohrid.

banner 300x250 placeholder