Многу менаџери или сопственици имаат бизнис, а не се ни свесни дека имаат потенцијал кој можат да го искористат за да изградат бизнис империја. Стравот или штедењето во ресурси ги спречува во тоа, вели Синиша Пекевски – бизнис консултант во интервју за Локално. Тој вели дека повиците на ФИТР се одлични, но средствата кои се одвојуваат се малку со оглед на големиот интерес на компаниите да учествуваат со апликации.

 Во однос на професијата, тој смета дека се уште постојат предрасуди за консултантите дека „продаваат магла“ и или дека нивните услуги се скапи. Дополнително, според Пекевски, консултантите се потребни затоа што работите ги гледаат од повеќе аспекти и од различна позиција и помагаат да се дојде до оптимално решение за секој предизвик кој се појавува во работењето на компанијата

 

Media

Ohrid.