Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Искористи ја можноста да се пријавиш и искористиш бесплатната менторска поддршка од страна експерти во бизнисот. Пријави се на доленаведениот линк и пополни го прашалникот.

 

Проектот е поддржан од страна на Владата на Р. Македонија, УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка.

Подобрувањето на квалитетот на правдата и обезбедувањето пристап до бесплатна правна помош за сиромашните е од исклучителна важност за граѓаните на Северна Македонија и е еден од клучните приоритети на Европската унија и Советот на Европа.

Новиот Закон за бесплатна правна помош започна со примена на 1-ви октомври 2019 година има за цел да се обезбеди и промовира правото на поединците на пристап до правда и правична судска заштита. Бесплатната правна помош е право на лицата кои се во тешка материјална положба да имаат пристап до правна помош и да бидат ослободени од плаќање на трошоци за водење на одредени постапки. Бесплатната правна помош се остварува во услови и постапка утврдени со законот.

Кога претприемачот има идеја и сака да ја развие во бизнис, најпрво мора да направи бизнис план којшто ќе го води низ процесот на развој. Еден од најважните елементи на тој план е избор на бизнис модел, којшто ќе му даде смисла, оправданост и објаснување на бизнисот. Задача на секој бизнис модел е да даде точен и јасен одговор на неколку важни прашања: кој ќе го купува производот или услугата; по која цена; како ќе допре производот до крајните потрошувачи; која е конкуренцијата на пазарот…

Еден од најшироко употребуваните бизнис модели е Canvas бизнис моделот. Овој модел го создаде Александер Остервалдер, швајцарски бизнис теоретичар, автор и консултант. Canvas е корисен бидејќи дава препораки што треба да помогнат во развој на бизнис идејата.

Секој сака да напредува, да знае повеќе, да биде на повисока позиција и да заработува повеќе. Прашањето е како тоа да го постигнеме.

Еве кои се клучните фактори што можат да помогнат во достигнување на професионален успех.

Познанства и податоци

Колку повеќе луѓе знаете, тоа подобро. Истото важи и за информациите. Ширете ја ваша мрежа на познанства и истражувајте го пазарот. Кога ќе ги имате вистинските податоци тогаш ќе знаете во која насока треба да тргнете.

Многу менаџери или сопственици имаат бизнис, а не се ни свесни дека имаат потенцијал кој можат да го искористат за да изградат бизнис империја. Стравот или штедењето во ресурси ги спречува во тоа, вели Синиша Пекевски – бизнис консултант во интервју за Локално. Тој вели дека повиците на ФИТР се одлични, но средствата кои се одвојуваат се малку со оглед на големиот интерес на компаниите да учествуваат со апликации.

 Во однос на професијата, тој смета дека се уште постојат предрасуди за консултантите дека „продаваат магла“ и или дека нивните услуги се скапи. Дополнително, според Пекевски, консултантите се потребни затоа што работите ги гледаат од повеќе аспекти и од различна позиција и помагаат да се дојде до оптимално решение за секој предизвик кој се појавува во работењето на компанијата

Aplikacija Ipard baner

Согласно јавниот повик за Мерката 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, од ИПАРД 2 СИ комуникејшн изработува апликации за овој повик. 

Преку оваа мерка се овозможуваат инвестиции во занаетчиски дејности, услуги во земјоделството, во рурален туризам и друго. Кофинансирањето на трошоците е 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите.

Media

Ohrid.

Контакт

  • Belasica 2 (Skopje Fair)
  • 1000 Skopje
  • Macedonia
  • +389 71 386 091
  • Info@sicommunication.mk