Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

 

Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана  потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи. 

  • до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од  2.500.000,00 (два милиони и петстотини илјади) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е до 10 (десет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 50.000,00 (педесет илјади) евра.
  • до 70% (седумдесет проценти) од вкупниот буџет на проектот, но не повеќе од но не повеќе од 5.000.000,00 (пет милиони) денари, за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 10 до 50 вработени и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 50.000,00 (педесет илјади) евра, а помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра, финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект.
  • до 60% (шеесет проценти) од вкупниот буџет на проект, но не повеќе од 10.000.000,00 (десет милиони) денари за претпријатија и ПЗУ чиј просечен број на вработени е од 50 до 250 и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра, финансирање.

Повеќе информации на https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/

 

Медија

Ohrid.