СИ комуникејшн во рамките на објавениот повик за Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25% средства обезбедени од Буџетот на Република С. Македонија обезбедува техничка помош и изработува проектна апликација. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од 65% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на инвестициите за мерка 7 - Диверзификација на фарми и развој на бизниси. На повикот можат да учествуваат Физички лица кои се регистрирани со живеалиште во рурална средина или имаат регистрирано економска активност во рурална средина:

 Физичко лице кое е регистрирано како занаетчија во Регистарот на занаетчии, согласно Законот за занаетчиска дејност за активности за кои е предложена инвестицијата;

 Физичко лице кое е регистрирано како угостител (вклучувајќи сместување) во Регистарот за угостители согласно Законот за угостителска дејност, за активностите за кои е предложена инвестицијата;

 Физичко лице кое е регистрирано како Трговец поединец во Централниот регистар во согласност со Законот за трговски друштва;

 Физичко лице регистрирано во Единствениот регистар на земјоделските стопанства како претставник на земјоделско стопанство или друг член на земјоделското стопанство 

 Физичко лице регистрирано како индивидуален земјоделски производител во Регистарот на земјоделски производители во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство или во Фонд за пензиско и инвалидиско осигурување.

Правни лица регистрирани во Централниот регистар на Р. С. Македонија, а се наоѓаат во ранг на микро и мали претпријатија согласно критериумите наведени во Препораката на Комисијата 2003/361/ЕК

Повеќе информации на следниот линк http://www.ipardpa.gov.mk/Root/mak/default_mak.asp

 контакт телефон: 071 386 091

Медија

Ohrid.