presenting

Најголем дел од луѓето имаат страв од јавни настапи и презентации. Фактот дека сите очи од публиката ќе бидат фукусирани кон вас чекајќи да ја изнесете приказната поради која се дојдени да ве слушаат. Затоа треба да се потрудите да не се зажалат за времето кое ви го посветиле. Еве неколку корисни совети од Si Communication кои ќе ви помогнат за успешна испорака на вашата презентација.

1. Ентузијазмот е многу битен

Најголем дел од презентациите се стандардни а презентерите не се трудат да внесат ведрина и живот во темата. Ентузијазмот во една презентација најчесто е рефлекција на нивото на вклученост и интерес на презентерот во темата. Ако вие не вклучите чувства и страст во вашата презентација, духот на публиката брзо ќе падне а ефектот од презентацијата ќе биде краткорочен.

2. Раскажете приказна

Кога подготвувате приказна, многу е лесно да се изгубите во деталите на секој поединечен слајд. Во реалноста, приказната која ги поврзува сите слајдови заедно е многу појака од самата содржина и деталите коие се наоѓаат на секоја слајд поединечно. Приказната е таа која останува запаметена и кај публиката и која лесно може да се примени.

3. Биди подготвен да импровизираш

Имајте во предвид дека дел од публиката можеби ќе има високо знаење и информации за темата која ја презентирате и може да ви постави некои незгодни прашања кои доколку не сте спремни, можат негативно да ве изненадат. Биди подготвен да размислуваш брзо и да си го листаш материјалот што го имаш во главата во врска со таа тема а притоа да не се најдеш себе си како пелтачиш или молчиш додека сите го очекуваат твојот одговор. Ова најдобро можеш да го совладаш вежбајќи дома.

4. Комуницирај на вистинското ниво

Имај во предвид каков е составот на твојата публика и прилагоди ја презентацијата на нивното ниво на образование, години и интерес. Доколку твојата презентација ја изложуваш пред публика за која се претпоставува дека ги има основните познавања од оваа област, најдобро ќе биде да го скокнеш делот каде објаснуваш се од самиот почеток.

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder