Body language silhouette

Ефективната употреба на јазикот на телото игра клучна улога во комуникацијата. Еве неколку совети од Si Communication за тоа како сигналите што ги праќате со своето тело да ги свртите во своја полза:

1. Заземете поза која ве полни со самодоверба

Истражувањата во Харвард и Колумбија Бизнис Универзитетите покажуваат дека едноставното држење на вешето тело во експанзивна, позиција на „надмоќност“ го стимулира чувството на доминација и моќ и го потиснува чувството на страв и нервоза.

2. Активно слушај ја публиката додека зборува

Ако сакаш публиката да заземе активно учество во твојата презентација, целосно посвети се на тоа што го зборува. Немој да го користиш тоа веме за да си го провериш телефонот или да погледнеш во часовникот. Слушај, фокусирај се на тие што зборуваат, сврти го своето тело дирекно кон нив и гледај ги во очите. Многу е битнo тие да знаат дека ги слушате.

3. Отстранети ги физичките бариери

Физичките бариери особено претставуваат проблем во напорот да се оствари ефективна комуникација. Отстранете се што го блокира вашиот поглед или претставува физичка бариера помеѓу вас и остатокот од тимот.

4. Бидете насмеани за да стимулирате добро чувство кај публиката

Насмевката не само што го поттикнува вашето чувство за благосостојба туку исто така им дава на знаење на тие околу вас дека сте пристапна, кооперативна и доверлива личност. Уште побитен е фактот дека насмевката дирекно влијае врз тоа како другите луѓе да одговорат на вас. Кога ќе се насмевнете на некого, тие речиси секогаш се насмевнуваат за возврат.

5. Користете ги рацете

Движењето на рацете е интегрален дел од говорењето. Правилната употреба на гестикулациите со рацете ја подобрува и засилува содржината на пораката.Тие никогаш не треба да се користат ниту премалку ниту премногу бидејќи и во двата случаја предизвикуваат несакани ефекти.

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder