sinisa pekevskifinalMnogoo.mk 21.01.2011

Целиот ден посветен на состаноци, а навечер опуштен со пријателите. Синиша Пекевски има дипломирано на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, а постдипломски студии на Универзитетот „Браќа Кариќ“ во Белград. Овој млад човек се занимава со односи со јавност и ПР - професија што не е многу застапена во Македонија и меѓу македонските бизнисмени.

sinisa pekevskifinalДневник 25.12.2011

Во МакедониЈа се зборува за с¦, но наЈмалку се зборува за бизнис, но бизнис во вистинска смисла на зборот. Тука не мислам на бизнис на наместени тендери, договорени работи, политиЧки бизнис, мислам на бизнис во коЈ компаниите се борат на вистински наЧин, бизнис во коЈ доминираат пазарните принципи. Е тоа наЈмалку го има.

sinisa pekevskifinalДневник, 15.01.2012

Што Ќе мислат тие туристи што останаа завеани и плус неколку дена и што Ќе помислат тие што требаше Нова година да Ја поминат на Пелистер, мислите Ќе се вратат некогаш пак. Kакви се тоа зимски центри кои не можат да обезбедат елементарни услови, проодни патишта, па сигурно снегот не наврнал пет метри за еден час, туку постепено паЃал.

sinisa pekevskifinal28.11.2011

Бил ли некој на Чочев Kамен, место во близина на Kратово, или можеби во Kокино, Kумановско, или на пример во Шарената џамија во Тетово, места кои се раритетни, места кои имаат историско значење. Ова го прашувам затоа што препознатливоста и имиџот на Македонија, за жал, се сконцентирарни на Охрид и на Скопје. Со својата традиција, културно историско наследство кое го поседуваме во изобилство (но за жал досега не се грижевме многу), Македонија има можност да стане важна светска дестинација, доколку го изгради и постави имиџот на земјата како бренд дестинација базирајќи специфични туристички производи како горе посочените, а кои туристичкиот пазар ги бара.

sinisa pekevskifinalДневник, 11.12.2011

Изминативе недели од медиумите сме бомбардирани од кампањата за развивање и за подигање на јавната свест за развој на претприемничкиот дух меѓу младите луѓе наречена „Осмели се“. И тоа е супер, браво, конечно на некоја влада реално ~ текна дека треба да направи нешто повеќе за да ја развие претприемничката култура кај младите, а не само да се размислува за вработување во јавната или државната администрација.

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder