sinisa pekevskifinalНова Македонија, 03. 10. 2012

Во дебатата дали домашните и странските инвеститори имаат ист третман никој не споменува колкави се домашните гринфилд-инвестиции. Ретките успешни приказни во металургијата, земјоделството, преработувачката и ИТ-индустријата, за жал, не успеваат да ја подобрат целосната слика на ригидност кај домашните инвеститори и кај банките, кои очигледно не се подготвени или немаат доволно знаење да реализираат бизнис-проект што ќе донесе висококвалитетно производство достојно за меѓународните пазари.

sinisa pekevskifinalДневник, 29.07.2012

Македонските компании с` уште во недоволна мера користат услуги од стручни надворешни лица бидејќи сопствениците мислат дека можат с` да направат сами. Тоа е последица на македонскиот менталитет дека знаеме с`, дека нема работа за која не н` бидува, без разлика дали станува збор за производство, маркетинг или финансии. Ова го вели Синиша Пекевски, консултант за претприемаштво, со кој разговаравме за тоа колку нашите компании се подготвени за пазарен натпревар.

05/03/2012, SETitems.com

Makedonska vlada i civilno društvo rade zajedno na programu samozapošljavanja kroz kreditiranje, koji nudi potencijalnim preduzetnicima povoljne kredite za otvaranje preduzeća.

Kandidati sa održivim poslovnim idejama biraju se na otvorenom konkursu i imaju tri godine da vrate kredite sa jednim procentom kamate i grejs period od godinu dana.

Program je počeo 2008. godine, a zapao je za oko zvaničnicima nakon što je 4.300 ljudi stvorilo sebi radna mesta na osnovu potražnje na tržištu.

sinisa pekevskifinalНова Македонија, 07.04. 2012

Зошто некои производи опстојуваат, а некои не?

Кафетин“, „аналгин“, „скопско пиво“, „витаминка“ се дел од македонските брендови што успеаја да ја надживеат поранешна Југославија, федерацијата во која беа создадени. Во неколкудецениското заедничко живеење во поранешна СФРЈ, Македонија на пазарот ја препознаваа по многу квалитетни производи, но и како земја што има одлични услови за производство на суровини за словенски, хрватски или српски финални производи.

sinisa pekevskifinalДневник, 11.03.2012

Оваа моја денешна колумна е продолжение на минатата каде пишував за менаџерите во Македонија и нивната способност да профитабилно да работат и успешно да функционираат. Идејата да продолжам да пишувам на оваа тема ми даде еден текст во еден наш дневен медиум каде беа презентирани фрапантни податоци за помошта која ја добиваат јавните претпријатија во покривање на нивните загуби, кои се мерат во милионски суми на евра, зависно од претпријатијето, општина Центар ќе ги покрива загубите на ЈП Паркинзи со 100.000 евра, градот Скопје го финансира ЈСП со 2.500.00 евра, Комунална хигиена со 1.500.000 евра и многу, многу итн.

sinisa pekevskifinalДневник, 26.02.2012

Kрајот на минатата недела ме дочека во посебно расположение. Kонечно излезе сонце, во Скопје беше сончево, а со тоа и кај мене дојде позитивната атмосфера, позитивно расположение. Со излегувањето на сонцето и пристигнувањето на убавото време конечно се скратија еден куп маки на директорите и менаџерите кои требаше да се грижат и да ги одржуваат нашите патишта, улици, сокаци.

Силвана Жежова

Успешна ПР-стратегија индиректно значи добиени политички избори, значително поголема продажба, сериозно зголемен углед, суштинско влијание врз одреден процес на носење одлуки, коментираат експертите за односи со јавност во земјава.

sinisa pekevskifinalДневник, 15.02.2012

Процените се дека за мал бизнис се потребни минимум 2.500 евра, а за поголем бизнис или мало производство без стотина илјади евра не треба ниту да размислувате. Гаранции дека бизнисот ќе тргне нема никакви. Затоа, покрај низа способности, треба да научите и да ризикувате

sinisa pekevskifinalДневник, 12.02.2012

Во овие сибирско студени денови, кога не ти се излегува воопшто од дома, а мораш, имав идеја да пишувам за НЕспособноста на нашите менаџери, директори, раководители и нивниот начин на НЕработа, но тоа ќе го оставам за следната колумна и сега ќе пишувам за нешто што сите го знаат, а всушност многу малку знаат.

sinisa pekevskifinalДневник, 29.01.2012

Гарант сега си велите, па што ми е гајле за кого ти не навиваш и каква ова има врска со темата економија за да ти пишуваш на страниците за економија во „Дневник“. Во градот Скопје и неговата околина егзистираат околу 20 фудбалски клубови, од кои дел се во првата лига, дел во втора лига, дел во скопски регион и сл. Kолку што мене ми е познато, градот не учествува во буџетот на ниеден клуб освен во Вардар и ни малку ни повеќе туку 500.000 евра и плус Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор со 450.000 евра, со што се доаѓа до бројка од 950.000 евра. Значи, градот за некој клуб е мајка, а за останатите не е ни маќеа. Даваат пари во клуб за кој во просек има 100 луѓе на натпревар како гледачи.

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder