sinisa pekevskifinalВо минатата моја колумна напишав дека по изјавата на охридскиот градоначалник никој не реагираше и дека се остана исто. Но, згрешив, многу згрешив. Угостители, туристички работници, превозници, комори, здруженија веднаш скокна и дигнаа галама, Охрид не бил воопшто скап и бил поевтин од дестинациите во соседството, дури и слушнав дека кој сакал да дојде во Охрид ќе морал и да си го плати тоа, затоа што Охрид е посебно место.

Слушам и не ми се верува и се прашувам да не сонувам нешто и ова е само еден лош сон. Дури во тој сон слушнав како еден превозник со брод велеше дека оваа кампања против Охрид и македонскиот туризам траела веќе 5 години и ги наведуваше причините. Повторно ќе кажам, слушам и не можам да поверувам. Еве да речеме дека е така, а не е така, што треба да се прави во тој случај, нормално ги викаш медиумите и почнуваш со навреди, па продолжуваш со жалопојки, па тераш со конспирации, на крај завршуваш со колнења, и во нитуеден момент не помислуваш дека нешто треба и да сториш. А за да сториш нешто, треба да сработиш, да се помачиш. Но зошто, кога сите тие се научени дека некој друг треба да работи за нив, некој друг да треба да мисли, некој друг инвестира и промовира, а тој некој друг мислам на државната власт и/или локалната власт којат треба тоа да го прави за нив, да ги субвенционира и помага. Зошто, повторно зошто кога тие можат само да лежат, да бидат големи газди, да прават кафански муабети, кога очеуваат за 20 дена да заработат толку многу со што ќе живеат цела година, наместо да работат и развиваат туризам. И после ние имаме туризам.

Втората работа која морам да ја напишам поврзано со нашиов начин на водење туризам и претприемничко одеснување се македонските патарини. Еден убав жежок летен сончев ден, голем број на странци решија преку Македонија да поминат кон своите финални дестинации, најчесто Грција и Турција. И така тие возејќи стигнаа до македонските патарини и глеј чудо, нашиве патарини не примаат железни евра, туку само денари и евентуално книжни евра и тоа по можност точно да бидат колку што е патарината. Бидејќи тоа е невозможно, се направија километри од возила во 3 колони, на плус 40 степени. Згора на тоа во тие возила имаше и мали деца, возрасни луѓе кои не можат баш така да ги поднесат тие температури и услови кои постојат, плус нема каде да одиш во тоалет, нема каде да купиш вода или еветуално нешто храна. Како шлаг на тој пат и чекање на патарините по 4 саати, никој не му текна од претпријатијето или од туристичкиот сојуз или комора на Македонија, да отиде таму и барем подели некоја бесплатна вода, сендвич или барем, знам дека е невозможмо за наши услови, им размени денари па се тоа пројде маката полесно. И така тоа патешествие траеше 24 часа, додека менаџментот триумфално утредента не излезе и рече може и со метални евра да се плаќа. БРАВО, ЕДНОСТАВНО БРАВО.

Па сега видете вие какви импресии и спомени ќе понесат тие луѓе од Македонија, иако огромен дел од нив се само на пропатување и транзитираат низ нашата држава. И после ние знаеме да водиме туризам, имаме претприемачки дух и градиме позитивен лик за Македонија. Ние само имаме една голема уста за зборување, зборување, мудрување и ништо повеќе.

Пишува Синиша Пекевски

Консултант во SI comunication

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder