sinisa pekevskifinalОна што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. Зошто? Навистина е тешко да се одговори на ова прашање и тој да биде унифициран, ама генерално мислам дека е до нашиот менталитет.

Кога ние сме сопственик или генерален менаџер на компанија, по правило ние сме најпаметни, најмногу знаеме, не ни се потребни совети и фала богу треба да примаме најголема плата.Она што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. Зошто? Навистина е тешко да се одговори на ова прашање и тој да биде унифициран, ама генерално мислам дека е до нашиот менталитет. Кога ние сме сопственик или генерален менаџер на компанија, по правило ние сме најпаметни, најмногу знаеме, не ни се потребни совети и фала богу треба да примаме најголема плата.

Не е битно дали некој допринесува и колку допринесува за таа компанија, не е битно некој дали ке донесе работа во компанијата, битно е дека неговата плата (хонорар) не може да биде поголема од твојата, како тоа оне ќе земе повеќе пари од тебе. Втора работа се вработените, како македонските менаџери вработуваат кадар? Па се знае како, оние што најмногу им се допаѓаат, оние што најмногу ќе бидат послушни и секогаш ќе викаат да, така е, во право сте или на крај вработени кои имаат најмногу врски (роднински, политички, другарски и сл), но нема да бидат вработени оние кои имаат најдобро CV и имаат најголем капацитет, идеи, креативност, способност, искуство. И третата работа според мене, зошто би се ширел и би надоградувал својот бизнис, кога и ова е доволно, башка треба да се работи, а зошто, кога и не мора.

Епа се видете и размислете колку компании знаете што не работат вака, размислете колку имаме македонски компании кои се успешни, континуирано растат, инвестираат во своите вработени, го шират своијот бизнис и надвор од Македонија. Проверете колку македонски компании работат надвор од Македонија и имаат некоја аквизиција, или пак отвориле претставништво, експозитура, придавница или филијала. Јас не можам да се сетам на многу, напротив би рекол дека се бројат и на прсти, на една рака, а и толку дали ги има. Напротив сведоци сме (секој ден во вестите на медиумите) на сопственици и менаџери кои скоро секој ден се во владата и плачат и кукаат како им треба помош, како е голема криза, како секаде има бариери и препреки и ако може владата финансиски (субвенции) да им даде или пак некоја зделка (тендер) за да продолжат да работат.

И сега повторно се враќаме на почеток, дали македонските компании работат на пазарен принцип. Не, и така мислам дека ќе биде уште долго време, за жал.

Синиша Пекевски
Консултант

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder