sinisa pekevskifinalКога неспособните луѓе би имале своја држава таа дефинитивно би била Македонија, едноставно земја на неспособните луѓе. Толку убаво парче земја, со преубава природа, со огромни ресурси, неверојатни можности, а во неа да ставиш да живеат толку неспособни луѓе е едноставно неверојатно.

Тоа веројатно затоа што се што беше способно, образовано, паметно, мудро замина од Македонија и не живее тука, оставајќи им на неспособните простор и време уште повеќе да ја уништат и да ги избркаат и оние малку способни и паметни што останаа.

27 години имаме неспособни политичари, неспособни министри, неспособни менаџери, неспособни директори и да не бројам понатаму. 27 години на чело на влада, министерства, фирми, јавни претпријатија, организации бираме и поставуваме луѓе кај кои е најбитно да се претставници на некоја етничка заедница,  претставници на некоја политичка партија, претставници на пол, припадност итн, а воопшто не е битно дали истиот е способен, ги има квалитетите кои се потребни, дали ги има квалификациите кои се потребни или јок, само горенаведената припадност.

27 години одбираме неспособни луѓе кои апсолутно немаат никаков капацитет да не водат, да менаџирааат, да раководат, да не движат напред, но затоа 27 години имаме слободен пад во секоја област, 27 години имаме спор за името на државата, имаме загаден воздух, имаме млади кои се иселуваат, имаме богати политичари, имаме корупција, имаме етничка тензија, имаме ѓубре на сите страни. Ако пробаме да се сетиме колку премиери, министри, градоначалници, директори, политичари, бизнисмени, менаџери кои биле на раководни функции во Македонија низ овие 27 години ќе видиме дека тоа е огромен број на луѓе, а ако се сетиме колку од нив имале резултати и сме ги запаметиле по добро, бројот би бил едноцифрен. Но ако пробаме да видиме колку од нив имале опашки во вид на афери, кривични пријави, корупција, скандали и при тоа поднеле оставки веројатно е еднаков бројот на лица кои имале некаква функција.

Пробајте во приватна компанија да не одите на работа бидејќи го бојкотирате шефот или сопственикот поради некоја одлука, пробајте да лажирате сметкопотврди за патарини или за гориво, пробајте да кажете дека сте уморни бидејќи сте иделе на работа 3 месеци, пробајте да кажете дека сте биле замаени па не сте ја завршиле работата како што треба или пак да ги реализирате задачите кои ви се зададени, ќе летате од работа со сигурност. Но затоа коа сте функционер и при тоа избран од партијата тогаш Ви е дозволено се, да немате резултати, да не идете на работа, да ја бојкотирате работата, да лажирате сметки, да се шетате низ светот на јавен трошок, да правите загуби и имате недомаќинско работење. Затоа истите ликови ќе се врат цело време на функции, денес е министер, утре градоначалник, задутре директор на некое јавно претпријатие и така цело време у круг.

Просто е неверојатно како толку неспособните луѓе успеваат континуирано да ги запоседнат сите места и раководни функции во сите сфери во Македонија, како успеваат да се одржат на нив и да владеат како да имаат најдобри резултати. Веројатно затоа што првата работа која ја прават стапувајќи на функција уништуваат се што е добро, вредно и способно. Во услови кога неспособните владеат, нема место за способните затоа што тие работат чесно, вредно и не газат преку луѓе за да ги остварат своите цели, едноставно не се научени да бидат корумпирани.

Мој предлог околу името на нашата држава, треба да биде Неспособна Република Македонија затоа што 27 години ништо добро не успеавме да направиме, туку напротив, напорно работиме се да уништиме.

Синиша Пекевски

 

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder