sinisa pekevskifinalКога неспособните луѓе би имале своја држава таа дефинитивно би била Македонија, едноставно земја на неспособните луѓе. Толку убаво парче земја, со преубава природа, со огромни ресурси, неверојатни можности, а во неа да ставиш да живеат толку неспособни луѓе е едноставно неверојатно.

sinisa pekevskifinalВо минатата моја колумна пишував за работењето на македонските компании на пазарен принцип и дали воопшто нашите компании знаат да работат на тој принцип. Во оваа денешна моја колумна само ќе се надоворзам на тоа. Насловот на колумната е социјализам и социјалистичко општество.

sinisa pekevskifinalОна што ми привлекува внимание и што ми остави силен впечаток, а и континуирано ми се потврдува дека македонските компании не знаат и не сакаат да работат на пазарен принцип. Зошто? Навистина е тешко да се одговори на ова прашање и тој да биде унифициран, ама генерално мислам дека е до нашиот менталитет.

sinisa pekevskifinalДенешнава колумна ќе ја започнам со прашање – Колку вредиме денес?

Идејата за ова ми дојде од настапот на нашите кошаркари на европското првенство во кошарка во Словенија и успехот (неуспехот) кој го имаа таму. Мојата цел не е да критикувам или после битка генерал да се правам, целата ми е да покажам дека не се живее од минатото, дека не се живее од успесите кој сме ги постигнале во минатото, не треба да се живее во илузија ако сме постигнале некаков успех во минататото, тој успех ке не држи цел живот. За да бидеш добар треба постојано да се докажуваш и добар си онолку колку што си добар во моментов.

sinisa pekevskifinalСе мислам како да почнам да пишувам за претприемништво, како воопшто било каков збор да кажам или напишам покрај сите овие негативни работи кои катадневно ни се случуваат. Тргни од тоа кого се назначуваат за амбасадори, какви ликови ќе ја претставуват нашата држава, потоа гледаш како некои луѓе блокираат граница како тоа да е најлегитимен начин на протест, гледаш како нашиве големи бизнисмени повторно кукаат и лелекаат и бараат помош, субвенции, како е тешко да започнеш а камо ли да водиш бизнис.

sinisa pekevskifinalДенеска ќе пишувам за претприемништвото и претприемачкиот дух во Македонија, и намерно го потенцирам ова претприемништво, а не претпреимаштво. Постои ли во Македонија и претприемништво, и дали тоа се врзува само за млади. Па не! Генерално и на моја голема жалост, во Македонија младите луѓе се најмногу заинтересирани и имаат препоголема желба да работат во државна администрација или локална администрација отколку да имаат свој бизнис, да стартуваат свој бизнис и да работат за себе.

sinisa pekevskifinalВо минатата моја колумна напишав дека по изјавата на охридскиот градоначалник никој не реагираше и дека се остана исто. Но, згрешив, многу згрешив. Угостители, туристички работници, превозници, комори, здруженија веднаш скокна и дигнаа галама, Охрид не бил воопшто скап и бил поевтин од дестинациите во соседството, дури и слушнав дека кој сакал да дојде во Охрид ќе морал и да си го плати тоа, затоа што Охрид е посебно место.

sinisa pekevskifinalИзминативе неколку дена медиумите не бомбардираа за тоа колку македонските туристи оставиле пари во Грција и колку тоа било штетно за нашата економија. Па еден економски новинар пресмета дека тоа отприлика било околу 30 милиони евра и донесе грандизоен заклучок дека доколку тие пари би останале во нашите центри (Охрид, Струга и Дојран) тие би доживеале невидена економска ренесанса и невиден развој. Но дали е тоа навистина така.

sinisa pekevskifinalДолго време се мислам како да ја почнам мојава колумна, и како најубаво преку овој мој став да кажам и пренесам нешто, а да не бидам сватен од јавноста, еве уште еден се прави паметен па раскажува за туризамот, доста ни е од критичари и од луѓе со негативен став. Но, за жал тоа е вистината, јас многу би сакал да пишувам сега за позитивното искуство и да напишам за мојата чудесна земја како туристички рај, но реалноста ме враќа назад.

sinisa pekevskifinalОваа моја денешна колумна ќе ја посветам на нашите големи професори по економија, претприемништво и бизнис, кои во јавноста многу сакаат да се експонираат и да зборуваат во медиумите како големи експерти и како ништо во нашата држава на економски план не може да помине без нив. Зошто одлучив да пишувам за нив, па затоа што веќе во долго работам како консултант, и дека реализирам обуки на тема претприемништво и изработка на бизнис план, самовработување, и дека реализираји ги тие обуки не можев да никако да разберам, и да сватам зошто младите луѓе на кои им ги држам тие обуки, на прашањето што сакате да работите, добар дел од нив ми одговараат директор.

Медија

Ohrid.

banner 300x250 placeholder